Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Додека европските лидери се собраа за поддршка на Зеленски и Украина, Маск испрати нова провокација до украинскиот претседател

by Уредник
06.03.2025
in Uncategorized
Додека европските лидери се собраа за поддршка на Зеленски и Украина, Маск испрати нова провокација до украинскиот претседател

Додека европските лидери се собраа во Брисел во обид да покажат непоколеблива поддршка за Украина, Eлон Маск упати нова провокација кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украина мора да одржи избори. Зеленски убедливо ќе ги изгуби“, напиша Маск на својата платформа Х.

Оваа провокација доаѓа по извештајот на Политико, кој објави дека блиски соработници на Доналд Трамп организирале тајни состаноци со политички опоненти на Зеленски, испитувајќи дали Украина може да организира брзи претседателски избори.

Сепак, анкетите покажуваат сосема различна слика од тврдењата на Маск. Најновите истражувања на јавното мислење укажуваат дека Зеленски убедливо би победил ако изборите се одржат сега.

34,2% од Украинците би гласале за сегашниот претседател, додека најблискиот противкандидат, поранешниот шеф на Генералштабот на Украинската армија и сегашен амбасадор во Велика Британија, Валери Залужни, има само 17,9% поддршка.

Поранешниот претседател и опозициски лидер со кого луѓето на Трамп се сретнале, Петро Порошенко, има само 8,2% поддршка. Поголема поддршка немаат ниту останатите опозиционери, како Јулија Тимошенко со 5,3% и поранешниот сопартиец на Зеленски, Дмитро Разумков, со 5%.

Next Post
ФИФА размислува воведување на ново правило за Светското првенство во 2030 година, ова би значело историја за Македонија

ФИФА размислува воведување на ново правило за Светското првенство во 2030 година, ова би значело историја за Македонија

МИЦКОСКИ: Македонија стана дел од Единствената европска платежна област SEPA

МИЦКОСКИ: Македонија стана дел од Единствената европска платежна област SEPA

Препорачани Вести

Ѓорѓиевски најавува 80 нови автобуси за Скопје на почетокот на наредната година

4 months ago

Три силни детонации одекнаа во Москва- експлодира автомобил во трговски центар

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.