Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Градоначалникот на Куманово го посети логистичкиот центар на Лидл во индустриската зона Речица

by Уредник
06.03.2025
in Uncategorized

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, денеска го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија Лидл го гради во индустриската зона Речица, во близина на Куманово. Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Северна Македонија.

Изградбата на комплексот се одвива според предвидената динамика и моментално е во фаза на заградување на магацинот. Логистичкиот центар на Лидл се простира на површина од 64 000 квадратни метри во рамките на комплексот на површина од 170 хектари. Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра, а по завршувањето на проектот се очекува да се отворат нови 150 работни места кои значително ќе се одразат на локалната економија.

 Лидл ја избра локацијата во Куманово поради поволната географска положба и одличната инфраструктура, што ќе овозможи брзо и ефикасно снабдување на идните продавници на Лидл во Северна Македонија. Во изградбата на логистичкиот центар се користатнајсовремени и најиновативни градежни стандарди, со посебен акцент на одржливоста. Центарот ќе биде опремен со фотоволтаични панели со вкупен капацитет од 1,7 мегават часови, што ќе придонесе за зголемена енергетска ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.

Next Post

ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

Божиновска: Гаранциите за потекло на електрична енергија ќе го поттикнат изборот на зелена енергија во Македонија

Препорачани Вести

Рускиот гас под закана: Америка го движи енергетскиот курс на Балканот

Рускиот гас под закана: Америка го движи енергетскиот курс на Балканот

1 month ago
Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

Трамп: Сакам да се сретнам со Путин што е можно поскоро

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.