Connect with us

Македонија

Македонски војници во моментов никако не треба да учествуваат во војната во Украина, Траен мир може да донесе само САД

Македонските војници во никакви услови и варијанти, во моментов не треба да учествуваат во војната на територијата на Украина. Мир мора да има, а крај на овој конфликт може да стави само САД, сметаат познавачите. Универзитетскиот професор по безбедност Марјан Ѓуровски вели дека Европа во моментов не може да го оствари приоритетот наречен примирје, неговата имплементација мора да биде со гаранција на официјален Вашингтон.

-Македонските војници во вакви услови не треба да учествуваат во никакви активности, во ниту една варијанта на територијата на Украина, како и во мисија на земји од Европа во Украина, вклучително и како набљудувачи или миротвроци надвор од постојните форми. За Украина постои посебна контакт група предводена од САД и секоја активност треба да биде под нивно водство и гаранции, а потоа вклученост на Европа и другите страни, изјави Ѓуровски. 

Крај на војната и воспоствување на траен мир е една од целите и на Македонија. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски порача дека државава дава целосна поддршка за секој план за прекин на конфликтот.

-Нашата држава дава целосна поддршка на напорите и конкретните активности на меѓународната дипломатија за воспоставување праведен и траен мир. Безбедноста и стабилноста на нашата земја е нераскинливо поврзана со безбедноста, стабилноста и развојот на целокупниот Западен Балкан, изјави Муцунски. 

Конечен крај на тригодишниот конфликт е главна цел и на Европската Унија. Поради тоа според директорот Конрад Аденауер за Македонија, Даниел Браун, државните од Европа треба да бидат подготвени финансиски и на секој друг начин да помогнат.

-Најверојатно Германија е подготвена да преземе, но и сака да ги праша другите партнери од ЕУ и НАТО да сторат истото. И патоказот за иднината е тој, изјави Браун. 

Дека мора да има мир смета и универзитетскиот професор Васко Наумовски. Според него Македонија треба да даде поддршка и на двете страни, односно и на Вашингтон и на Брисел, но и да се направи проценка дали кај ЕУ во моментов постои расположеност да се прошири.

-Она што останува е колку процесот на проширување е на агендата на ЕУ во овој момент, особено во контекстот кога се прави еден обновен напор за постигнување пошироко и поцврство европско единство. Дали ЕУ е подготвена да го врати проширувањето високо на агендата, со цел да се создаде тоа толку посакувано европско единство, изјави Наумовски. 

Во организација на Конрад Аденауер, во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ, се одржа панел дискусија насловена „Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан”, на која главна тема беше токму состојбата во Украина.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг