Connect with us

Свет

Трамп бесен: „Ослободете ги заложниците веднаш, или ќе зажалите!“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака на социјалната мрежа X„Truth Social“ до палестинската милитантна група Хамас, која сè уште држи заложници кои беа киднапирани на 7 октомври 2023 година за време на упадот во Израел.

Шалом Хамас може да значи или здраво или збогум – можете да изберете. Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите тела на мртвите луѓе што ги убивте или ќе биде готово за вас. Само болни и изопачени луѓе чуваат тела, а вие сте такви! Му праќам на Израел се што му треба за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден доколку не го сторите тоа што ви го кажувам. Само што се сретнав со вашите поранешни заложници чии животи ги уништивте. Ова е последното предупредување!

За лидерството- сега е време да ја напуштите Газа, додека сеуште имате шанса. Исто така, до жителите на Газа: ве очекува убава иднина, но не ако држите заложници. Ако го сторите тоа, мртви сте! Донесете ПАМЕТНА одлука. ВЕДНАШ ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ СЕГА ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ ЈА ПЛАТИТЕ ЦЕНАТА!“, напишал Трамп на својот профил.

Advertisement

Свет

Трамп не штеди критики: Европа е водена од слаби лидери“

Во едно од своите најостри и најпровокативни интервјуа досега, поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги искритикува европските лидери, нарекувајќи го континентот „пропаѓачка“ група држави со слаби елити кои се изгубени во политичка коректност.

Во интервју за „Политико“, Трамп не само што ја загрози американската поддршка за сојузниците пред лицето на руската агресија, туку и отворено најави мешање во европската политика, ветувајќи поддршка за политичките кандидати кои ја делат неговата контроверзна визија.

Трамп удри најсилно на темата миграција, обвинувајќи ги европските лидери за неспособност да ги контролираат границите. Тој шокантно изјави дека градови како Лондон и Париз „пукаат под товарот на миграцијата“, директно го нарекувајќи го лондонскиот градоначалник Садик Кан „катастрофа“ и припишувајќи ја неговата победа на големиот број имигранти.

Овој напад доаѓа во време кога новата американска Стратегија за национална безбедност веќе ги затегна односите со Франција и Германија. Трамп, пак, се пофали дека ќе продолжи да поддржува фигури како Виктор Орбан, кого го истакна како пример за строга контрола на границите.

„Мислам дека се слаби. И мислам дека сакаат да бидат премногу политички коректни. Европа не знае што треба да прави,“ изјави Трамп, додавајќи масло на огнот.

Што се однесува до војната во Украина, Трамп тврди дека има нов мировен план, но обвини дека претседателот Зеленски не го ни погледнал. Тој ја зацврсти својата позиција дека Русија е во посилна позиција и ги прогласи европските лидери за неспособни да го завршат конфликтот.

Уште поконтроверзно, Трамп повтори повик за нови избори во Украина, сугерирајќи дека сегашната ситуација не е демократска.

И покрај тоа што се декларира како промотор на мирот, Трамп не ја исклучи можноста за проширување на воените операции во Латинска Америка против наркокартелите, па дури ни испраќање американски војници во Венецуела за соборување на Николас Мадуро.

Тој исто така ја бранеше својата контроверзна одлука за помилување на поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез, осуден за трговија со дрога.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, веднаш реагираше, осудувајќи ја реториката и предупредувајќи дека САД мора да го почитуваат европскиот суверенитет. Сепак, нападот на Трамп е јасна најава дека тој планира директно да ги преобликува европската политика и да ги тестира границите на трансатлантските односи.

Continue Reading

Свет

Тошковски најавува: „Сејф Сити“ ќе испраќа фотографии, а толеранцијата на брзината ќе биде усогласена со ЕУ стандарди

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Прес 24 изјави дека во тест фазата на проектот „Безбеден град“ намерно не се применува толеранција за прекршоци, со цел прецизно да се потврди техничката исправност и стабилноста на системот. Анализата од овој период, нагласи тој, ќе биде основа за воспоставување функционален и сигурен систем кога ќе започне редовната примена.

Според Тошковски, толеранцијата за прекршувања – особено кај мерeњето брзина – ќе биде утврдена при стартот на редовната работа и ќе биде усогласена со европските стандарди. „Целта не е санкционирање на минимални прекршоци, туку спречување опасни однесувања кои можат да резултираат со тешки несреќи и човечки жртви“, истакна министерот.

Тој ја потенцираше и превентивната улога на камерите. Според него, кога возачите знаат дека се под надзор, возат поспоро и повнимателно, со што се намалува бројот на инциденти.

Системот „Безбеден град“ во моментов детектира четири главни прекршоци: возење со прекумерна брзина, поминување на црвено светло, непрописно паркирање и управување со истечена сообраќајна дозвола. Во идните фази се разгледува можност и за евидентирање прекршоци од пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети.

Во однос на евидентираните случаи, граѓаните ќе добиваат известување со опис на прекршокот и фотографија од регистарската табличка, додека ликот на возачот ќе биде замаглен. За судска постапка, МВР ќе обезбедува фотографија без замаглување.

„Системот е целосно автоматизиран, независен од човечки фактор и дизајниран за фер и транспарентна постапка“, нагласи Тошковски. Тој додаде дека одговорноста ја носи лицето кое управувало со возилото, а институциите и правните лица се должни да достават доказ кој бил возач во моментот на прекршокот. Во спротивно, одговорноста паѓа врз одговорното лице.

Тест периодот, според министерот, веќе покажал позитивен ефект преку смирување на сообраќајниот динамика. Сите технички недоследности – како препознавање регистарски таблички или неточни контакт-податоци – се коригираат веднаш.

„Ова не е систем за репресија, туку за превенција. Најевтино е да се вози по правила, а најскапо е да се изгуби човечки живот“, заклучи Тошковски.

Continue Reading

Свет

Зеленски најавува мировен план и нови воени способности на Украина

Во итна прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека утре ќе му презентира на Доналд Трамп нов мировен план, кој моментално се финализира заедно со европските партнери.

Зеленски потенцира дека Украина не преговара со Русија, бидејќи Москва не покажува никаква заинтересираност за дијалог.

Тој исто така истакна дека Украина е подготвена за енергетско примирје, но само ако и Русија е подготвена за таков чекор.

Во рамките на воените активности, Зеленски објави дека Украина веќе ја користи Сапсан ОТРК со балистички ракети и дека се распоредуваат и ракетите Лонг Нептун, Паляница, Фламинго и Сапсан.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг