Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

УЈП: Не е точно дека повеќе од 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025

by
2025/03/06 16:52:40
in Uncategorized
УЈП: Не е точно дека повеќе од 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска преку соопштение информира дека транспарентно и точно ги доставува податоците за пресметки за плата (МПИН) за јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година. Според нив, не е точно дека се уште над 80 000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година.

– За јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице. Бидејќи законскиот рок 15 февруари се падна во сабота, земајќи ги уплатите до 14 февруари, МПИН пресметките ги платиле 46.525 работодавачи (66,2 проценти) за 468.490 вработени лица (85,2 проценти). Земајќи ги предвид и уплатите на 17 февраури, МПИН пресметките ги платиле 52.384 работодавачи (74,5 проценти) за 496.778 вработени лица (90,3 проценти). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и после рокот 15 февруари. Така, согласно последната состојба на МПИН уплати, а заклучно со датум 04.03.2025 година, за месец јануари 2025 година МПИН пресметки поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавачи или (85,5 проценти) од работодавачите за 528.418 вработени, што е (96,1 процент), се вели во соопштението.

Од УЈП наведуваат дека според податоците не е точно дека се уште над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година.

– Заклучно со 04.03.2025 год. МПИН пресметката не ја платиле 4.307 работодавачи што е (6,1 процент) за 11.504 вработени лица што е (2,1 процент) од вработените, додека 5.897 работодавачи, односно (8,4 проценти) за 10.079 вработени лица (1,8 проценти) сè уште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година. Бидејќи мерките за присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продложи наплатата на преостанатите долговните износи, стои во соопштението.

За јануари 2024 година обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.020 работодавачи за 469.343 вработено лице. До законскиот рок 15 февруари 2024 година МПИН пресметките ги платиле 47.795 работодавачи (68.3 проценти) за 468.490 вработени лица (85,2 проценти).

– Управата за јавни приходи редовно го следи и известува за трендот на исполнување на даночните обврски. Според последната анализа споредбено на месечно ниво податоците за работодавачите кои исплаќаат плата во законскиот рок и работодавачите кои исплаќаат плата со задоцнување се на приближно исто ниво и податоците не се разликуваат драстично од месец на месец, соопшти УЈП.

Next Post

Погребан Саша Поповиќ – го испратија со тамбураши и песната “Нека спава”

Украинскиот генерал Залужни: Америка го уништува светскиот поредок, НАТО можеби нема да постои

Украинскиот генерал Залужни: Америка го уништува светскиот поредок, НАТО можеби нема да постои

Препорачани Вести

Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино

11 months ago

Тешка сообраќајна несреќа кај с. Ласкарци – повреден мотоциклист и возач на „бмв“

6 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.