Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ЗОРАН ЗАЕВ КУПИЛ АКЦИИ ВО ИНДИСКА АВИОКОМПАНИЈА? Владејачката ВМРО-ДПМНЕ прашува каква е поврзаноста на Филипче со овој „дил“ на експремиерот

by Уредник
06.03.2025
in Uncategorized

Како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании, Обвинителството сигурно проверува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Чудна е пасијата на СДСМ да води полемика за авиосообраќајот и да спомнува авиолетови, одговори владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозициската СДСМ.

„Можеби таа пасија доаѓа од приказните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авиокомпанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сè уште постојат во една од постоечките авиокомпании. Ако ова е точно, добро е СДСМ да си провери чива била сопственоста и како нивниот сè уште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија? Каква, пак, е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авиокомпании, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Од СДСМ нека си проверат и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат“, се вели во соопштението.

Од СДСМ, пак, утрово прашаа зошто Владата 3 дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети. Веќе трет ден молчат и не откриваат колку чинел летот со приватна авиокомпанија, со кој педесетина претставници на Владата и медиуми отпатуваа за Будимпешта. Мицкоски, познат по тоа што „го болат колената“ во економска класа и секогаш избира бизнис-класа, овој пат решил да оди чекор подалеку – со приватен чартер. Јавноста чека одговор: колку чинеше ова патување?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Извор: plusinfo.mk

Next Post

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи

Германската пошта најави укинување на 8.000 работни места

Препорачани Вести

Јадете го ова секој ден и ќе бидете здрави како дрен: Природен спас за имунитетот

Јадете го ова секој ден и ќе бидете здрави како дрен: Природен спас за имунитетот

3 months ago

ВИДЕО: Битола во празничен сјај пред дочекот на 2026 година

1 month ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.