Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Боки 13 доби пресврт од Стразбур – тргнува во офанзива против Русковска и Заев!

by Уредник
07.03.2025
in Uncategorized

Ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот „Рекет“, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела, најави Бојан Јовановски – Боки 13.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе позитивна одлука по изразената апликација од страна на адвокатот Сашко Дукоски за случајот „Рекет“, каде беше нападната пресудата за случајот „Рекет“ по повеќе основи, соопшти утрово Бојан Јовановски – Боки 13 на својот Фејсбук профил.

Позитивната одлука на судот во Стразбур, напиша тој, е доказ за важноста на меѓународните правни механизми во заштитата на основните човекови права и слободи, фер и правично судење пред непристрасен суд.

„По конечно завршување на постапката во Стразбур, ве известувам дека од моја страна заедно со мојот правен тим ќе ги преземеме сите понатамошни чекори пред домицилните органи со крајна цел да се исправи историската неправда нанесена со политички нарачаната пресуда за случајот ‘Рекет’, во која имаше сѐ, само право не. Граѓаните и јавноста ја заслужуваат вистината за овој фамозен случај ‘Рекет’ преку утврдување на точна и вистинска фактичка состојба во законита постапка каде ќе се утврдат факти и ќе се добијат одговори на сите отворени прашање кои оставија правна и стварна дилема за овој случај, со цел и намера да се заштитат високите интереси на вистинските виновници. Воедно, ве информирам дека донесена е и уште една позитивна одлука при ЕСЧП во Стразбур и прифатена е апликацијата која се однесува на моето незаконско држење во притвор, нечовечно постапување и тортура. По сето ова, ќе поведам постапки за кривичен прогон против Вилма Русковска како тогашен јавен обвинител, Зоран Заев како тогашен премиер и против уште најмалку десетина лица кои директно се виновни во и за случајот ‘Рекет’, секој од нив со свои дејствија на извршување со место, време и начин на извршување на кривични дела“, напиша Боки 13.

Next Post
Неколку работи кои ќе му се случат на вашето тело во моментот кога ќе престанете да пушите цигари

Неколку работи кои ќе му се случат на вашето тело во моментот кога ќе престанете да пушите цигари

Украина ги пушти во акција француските Миражи – прв судир со руските напади!

Препорачани Вести

ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАНА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА БИТОЛА – ПОЕШЕВО – ЛОГОВАРДИ

5 months ago

Струга: Бебе старо 2 месеци донесено починато во болница

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.