Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МОНОПОЛОТ ОСТАНУВА, НО ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ НОВИНИ – Агенција за пошти со барања до државна Пошта, но и контроли кај приватните оператори

by Уредник
07.03.2025
in Uncategorized

По бројните одлагања, целосната либерализација на поштенскиот пазар во Македонија повторно е одложена, овој пат се до влез на нашата земја во Европската унија. Истовремено, Агенцијата за пошта бара од АД Пошта да формира класи со кои ќе се дефинираат разликите меѓу различни писма или пратки кои се испраќаат преку државната компанија со цел подобрување на услугите кои ги обезбедува. 

–  Во однос на планираната либерализација на поштенскиот пазар, која требаше да се случи на 01.01.2025 година, односно укинување на ценовниот монопол на АД Пошта на Северна Македонија, истата беше повторно одложена со донесување на измена на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги. Со оваа измена, либерализацијата е одложена до денот на пристапување на Македонија во Европската унија – укажуваат од Агенцијата за пошти во нивниот годишен извештај.

Притоа нагласуваат дека со оваа измена продолжува да важи ценовниот монопол за поштенските услуги за пратките за коресподенција и пратките со директна пошта, со тежина до 50 грама, воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга Ад Пошта.

– Во рамки на надлежноста да ја следи и анализира ефикасноста на универзалната услуга и нејзината финансиска одржливост, но и да врши евалуација, прилагодување и усогласување на регулаторните мерки, Агенцијата го реобнови барањето до АД Пошта за дефинирање на класи на пошта во домашен сообраќај – велат од Агенцијата. 

Нагласуваат дека им укажале дека по однос на брзината или времето потребно за услугата од почетокот до крај, за писма и за пакети, АД Пошта нема дефинирано стандардни класи на поштенски услуги. 

Појаснуваат дека од АД Пошта уште во 2022 година било побарано давателот на универзална услуга да ги разграничи услугите според критериум брзина или време потребно за услугата од почеток до крај, и така да ги обезбедува со јасно дефинирани карактеристики, односно да дефинира прва класа, стандардна класа, приоритетни, не приоритетни, со различни брзини и слично. 

– Бидејќи такво нешто не се случи ни во текот на изминатите години, поттикнати од слабиот учинок и ниското ниво на квалитет на испорачана услуга за писма од меѓународен сообраќај во доаѓање, 2,6 отсто е исполнувањето на зададен таргет – 75 проценти од писмата од увоз да стасаат во дефинираното време – идентично како што е уредено за домашните писма, според мерењето извршено од Светскиот поштенски сојуз, Агенцијата за пошта ја задолжи АД Пошта веднаш и без одлагање да дефинира класи на поштенски услуги за писма во внатрешен сообраќај според критериум брзина – време потребно за услугата од почетокот до крај на внатрешен сообраќај и писмено да го извести регулаторот. Постапката продолжува во текот на годината – потенцираат од Агенцијата.

Воедно укажуваат дека биле направени редовни и вонредни контроли кај двајца оператори по две пријави од јули 2024 година упатени до Агенција, од страна на АД Пошта која приговарала поради нелојална конкуренција со неовластено користење на UPU поштенски обрасци при размена на поштенски пратки кои доаѓаат во државата од меѓународен сообраќај, и барала надзор над двата даватели на поштенски услуги.

– Наводите беа испитувани во две постапки согласно надлежностите за следење и мониторинг на пазарот, развој на конкуренцијата и усогласеност на работата.. Агенција претходно март 2024 година кога во Македонија започна интензивен увоз на пратки од кинески е-платформи, по службена должност започна постапки за двајца приватни даватели на поштенски услуги. Спроведени се контроли и кај давателите на услуги, и констатирано е дека пратките во доаѓање во државата влегуваат одбележани од страна на унгарскиот национален оператор Маѓар пост, без можност домашниот приватен оператор да влијае на тоа – појаснуваат регулаторите. 

Во интерес на примателите, Агенцијата го задолжила едниот оператор да става дополнителни ознаки на пратката, а при дополнителни контроли утврдиле дека вака обележани пратки веќе не пристигнуваат кај еден од операторите. Воедно утврдиле дека и кај вториот приватен оператор од септември не стигнуваат пратки со UPU поштенски обрасци, но ќе продолжат со постапката за мониторирање на приватните оператори. 

Извор: faktor.mk

Next Post

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар

Дали Британија и ЕУ можат да водат војна против Русија без САД?

Препорачани Вести

WhatsApp развива нова функција – корисниците ќе ја обожаваат

WhatsApp развива нова функција – корисниците ќе ја обожаваат

5 months ago

Трамп вети намалување на цените на лековите до 1500%

6 months ago

Популарни Вести

  • Вонреден состанок во Брисел: Европа се мобилизира по заканите на Трамп за нови царини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој заработи, а кој изгуби на Берзата? Топ 5 акции што ја одбележаа 2025 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТРАГЕДИЈА ВО АВСТРИЈА: Најмалку 8 загинаа во лавини на Алпите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.