Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Направен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во Матејче

by Уредник
07.03.2025
in Uncategorized

Извршено е провалување, копање на подот во манастирската црква и украден е оловниот лим од централната купола на манастирската црква Пресвета Богородица во Матејче, соопштија од Кумановско-осоговска Епархија.

Тие наведуваат дека како сопственици на заштитено културно добро, ја известуваме јавноста дека врз заштитетното културно добро ‒ манастирот Пресвета Богородица, сeело Матејче, Општина Липково, Куманово, од страна на непознат сторител во месец март 2025 година е извршен неовластен упад во црковен имот во Манастирот Пресвета Богородица, село Матејче. Упадот е извршен со провалување во затворените простории на манастирската црква. Извршено е копање на подот на манастирската црква, кој е целосно раскопан, и извршен е ископ на голема количина на земја, при што се извадени и осквернавени посмртните останки на порано погребани лица на ова место. Исто така е причинета значителна материјална штета и кражба на оловен лим од централната купола на манастирската црква.

На ден 06.03.2025 година член на Црковниот одбор на манастирот Пресвета Богородица го посетил манастирот и забележал дека врз заштитеното културно добро е извршен вандалски чин, на погоре опишаниот начин. За настанатата материјална штета, по службена должност, настанот го пријави до митрополијата во Куманово, како надлежен орган за понатамошно постапување, потенцираат од Кумановско-осоговска Епархија.

Next Post

Тетовец со возило удрил во количка со бебе на пешачки и побегнал – Детето е повредено

Голема победа за Македонските Лавови од Престон: Preston Lions победија со 2-0 против South Melbourne пред повеќе од 9000 навивачи!

Препорачани Вести

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

1 month ago
Пријателите се простуваат од Иле Гоцевски, возачот на брзата помош: „Срцето му откажа од стресот“

Пријателите се простуваат од Иле Гоцевски, возачот на брзата помош: „Срцето му откажа од стресот“

11 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.