Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Одлични вести: Значајно поевтинување на горивата, ова се новите цени

by Уредник
07.03.2025
in Uncategorized
Одлични вести: Значајно поевтинување на горивата, ова се новите цени

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за два денари за литар, додека цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде 77,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 72 денара за литар, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 71,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 43,501 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,418 отсто, кај дизелот за 3,412, кај екстра лесното масло за 3,198 и кај мазутот за 1,854 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3912 отсто.

Next Post

Ѓорѓиевски и Мицкоски во Драчево: Реконструкција на коритото на Мала Рада нови капитални проекти за подобрување на животот во Кисела Вода

Предлог посен ручек – полнети пиперки, прсти да излижеш

Предлог посен ручек - полнети пиперки, прсти да излижеш

Препорачани Вести

Американската армија ликвидираше висок лидер на ИСИС во Сирија, планирал напади врз САД

4 months ago

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во добра кондиција, се полни според планираното

10 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.