Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

После заканите на Доналд Трамп, се огласија и официјални претставници од Москва

by Уредник
07.03.2025
in Uncategorized
После заканите на Доналд Трамп, се огласија и официјални претставници од Москва

“Заканите на Доналд Трамп за новите санкции нема да ја сопрат Русија во постигнувањето на своите цели”, изјави портпаролот на руската влада во петокот, по претставката на американскиот претседател за воведување нови финансиски санкции со цел да ја натера Москва на примирје.

„Првата реченица е најважна. Многу месеци САД се фокусираа на победа за Украина. Сега постои признание за реалноста дека позицијата на Украина на боиштето е лоша“, изјави Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, реагирајќи на објавата на Трамп на социјалните мрежи, во која тој напиша дека Москва „жестоко ја бомбардира“ Украина.

„Она што е вистина е дека Украина е поразена, бидејќи се потпираа на претходната администрација во Белата куќа. Што се однесува до новите санкции, веќе сме се соочиле со многу санкции и тие не ја спречија реализацијата на нашите цели“, додаде Захарова.

Трамп, во петокот, на социјалната мрежа Truth Social, изрази значителна промена во својот став во корист на Москва, посебно откако настана конфронтација во Белата куќа, кога Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс го критикуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски. По ова, САД ја прекинаа испораката на разузнавачки податоци и воена помош за Украина.

„Во светло на фактот дека Русија моментално ја’бомбардира’ Украина на боиштето, сериозно размислувам за воведување санкции во широк обем, како и тарифи на Русија додека не се постигне примирје и конечен мировен договор“, напиша американскиот претседател во петокот.

Next Post
ФОТО: Поранешната тенисерка ги привлече сите погледи на Индијан Велс: Му испрати специјална порака на Ѓоковиќ

ФОТО: Поранешната тенисерка ги привлече сите погледи на Индијан Велс: Му испрати специјална порака на Ѓоковиќ

8 Март – Денот на жената: Борба, признание и почит

Препорачани Вести

НАТО го тестира рускиот претседател Владимир Путин – еве што го очекува

НАТО го тестира рускиот претседател Владимир Путин – еве што го очекува

6 months ago

Коњановски: Со топлификацијата 36 институции во Битола ќе се ослободат од цврсто гориво

3 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.