Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи

by Уредник
08.03.2025
in Uncategorized
Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи

Општина Кисела Вода ќе биде дел од европскиот проект за жени претприемачи Together for Green Growing (Together4GG), поддржан од EIT Food AMPLE Program 2025. Со тоа се приклучува на Варшава и Мадрид како единствени градови каде ќе се спроведува овој значаен проект, што ја потврдува посветеноста на општината кон економскиот напредок на жените и создавањето нови можности за нив.

Проектот Together4GG е создаден за да ги поддржи жените во прехранбениот сектор и да ги поттикне на економска независност преку иновации и модерни бизнис решенија. Целта е да се понудат обуки за претприемништво, финансиска писменост, дигитален маркетинг и развој на бизнис, со што ќе се зајакне нивната позиција во локалната економија.

-Покрај средствата обезбедени од проектот Together4GG, во висина од 50.000 евра, Општина Кисела Вода самостојно обезбедува три милиони денари сопствени средства за успешна имплементација и спроведување на проектните активности. Проектот ќе започне во април 2025 година, со регрутација на учесничките, а ќе трае до октомври 2025 година. Оваа иницијатива ќе создаде нови бизниси, туку и ќе ги промовира еколошките и одржливи решенија во локалната економија, додека истовремено ќе обезбеди платформа за формирање на Совет за женско претприемништво како поддршка за сите учеснички, информираат од локалната смоуправа.

Водечки партнер на проектот е Вита Нова, која ќе ја координира имплементацијата и реализацијата на активностите, заедно со Општина Кисела Вода, која ќе обезбеди логистичка поддршка, промоција и ќе ја олесни вклученоста на локалната заедница. Дополнителен стручeн придонес ќе даде Нутри Баланс, кој ќе организира обуки за здрава исхрана и одржливи прехранбени практики.

– Кисела Вода е општина која се залага за економска рамноправност и еднакви можности за жените. Со овој проект, нудиме платформа преку која жените ќе можат да започнат свои бизниси, да креираме вистински услови за успех на локалната економија, да поддржиме иновации и да стимулираме лидерство кај жените. Токму затоа, покрај средствата од проектот, во висина од 50.000 евра, ние како локална самоуправа вложуваме дополнителни три милиони денари, со цел успешно да ја имплементираме оваа важна иницијатива. Посветени сме на создавање нови можности за економски развој и подобрување на животот на нашите жени, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Next Post
ВИДЕО: Полицијата синоќа уапси малолетник во Аеродром, погледнете што пронашле кај него

Голема полициска акција: Разбиена поголема група, уапсени 23 лица

Бујар Османи и Артан Груби гарантирале Бугари во Устав: Во Брисел биле изнeнaдeни што воопшто Македонија го прифатила Францускиот предлог

Препорачани Вести

Морбиден случај од Берово – Погребално претпријатие откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на буниште

Морбиден случај од Берово – Погребално претпријатие откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на буниште

10 months ago
Дневен хороскоп за понеделник – 17 март

Дневен хороскоп за понеделник – 17 март

10 months ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп се гордее со младите шампиони – Лука Најдоски е инспирација за сите генерации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кросето ја исмеа мисијата во Гренланд, Италија вели „не“ на симболични потези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче предлага нов прв човек на ДИК, Кондарко останува член

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отворена Светската купа во сноуборд 2026 во Банско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Ѓурѓај за Нова Македонија: предизвиците и надежите на македонското малцинство во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.