Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

by Уредник
08.03.2025
in Uncategorized
Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Полскиот премиер Доналд Туск реагираше на променетата безбедносна ситуација во Европа и најави задолжителна воена обука за сите возрасни мажи во Полска. Оваа одлука е дел од пошироката стратегија за зајакнување на националната одбрана.

Полска во моментов инвестира повеќе средства во одбраната од било која друга земја членка на ЕУ и НАТО, со цел проширување на армијата и зголемување на учеството на населението во одбранбените сили, а главна причина за ова е војната во Украина и потенцијалната закана од Русија.

Според новите мерки, секој возрасен маж во Полска ќе мора да помине задолжителна воена обука. Премиерот Туск во својот говор пред парламентот во Варшава изјави:

„До крајот на годината ќе работиме на развој на модел кој ќе овозможи секој возрасен маж да биде обучен за воени услови“.

Оваа одлука има за цел да создаде воена резерва која ќе биде подготвена за можни безбедносни закани.

Како дел од новите стратегии, Полска планира да се повлече од Конвенцијата од Отава, која забранува производство, употреба и пренос на противпешадиски мини. Финска, пак, размислува за слични мерки за заштита на својата граница со Русија.

Иако задолжителниот воен рок нема да биде воведен, Туск најави дека жените исто така ќе имаат можност да учествуваат во воената обука, но таа ќе остане првично наменета за мажи.

Next Post
„Војна“ низ улиците на Солун: Одекнуваат експлозии, горат автомобили и контејнери (ВИДЕО)

„Војна“ низ улиците на Солун: Одекнуваат експлозии, горат автомобили и контејнери (ВИДЕО)

Кога треба да ги поместите стрелките на часовникот за еден час?

Кога треба да ги поместите стрелките на часовникот за еден час?

Препорачани Вести

МБИ10 со пад од 0,52%, без активности на обврзничкиот пазар

2 months ago

Таравари: Распишувањето на предвремени парламентарни избори зависи само од ВМРО-ДПМНЕ!

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.