Connect with us

Црна Хроника

Серија апсења на повеќе локации низ Македонија – полицијата приведе десетина

Денеска (08.03.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.03.2025 година во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) година во 02.50 часот пред трговски центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле лице(21) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (08.03.) во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода лице(31) и лице(30) двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

Денеска (08.03.) во 01.45 часот, на улицата „Партизанска“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице(34) бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја.По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 07.03.2025 година во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода лице(34) и лице(29)двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (08.03.) во 00.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија лице(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.03.2025 година во 16.30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Advertisement

Црна Хроника

Тешки повреди на малолетниците по тепањето во Сарај – напаѓачите ќе одговараат за брутално насилство

Сериозни телесни повреди се последица од бруталниот напад врз деца што се случи во скопската општина Сарај, при што неколку малолетници завршија со повреди по главата, а кај едно дете е констатирана и скршеница на носот.

Според информациите од надлежните институции, децата биле удирани со тупаници, по што им била укажана лекарска помош. Дел од повредите се оценети како тешки телесни повреди, што значително ја отежнува правната положба на сторителите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицата инволвирани во нападот се идентификувани и против нив ќе биде поведена постапка за кривично дело „насилство“, а во зависност од исходот на медицинските наоди, можно е и проширување на обвинението. За вакви дела, Кривичниот законик предвидува строги казни, вклучително и затворска одговорност.

Надлежните институции потенцираат дека насилството врз деца нема да биде толерирано и дека секој обид за физичка пресметка со тешки последици ќе биде санкциониран со најстроги мерки согласно законот.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а од институциите порачуваат дека заштитата на децата и нивната безбедност останува апсолутен приоритет.

Continue Reading

Црна Хроника

Осум лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар–Тетово

Тешка сообраќајна несреќа се случи на регионалниот пат Гостивар–Тетово, кај клучката за Камењане, во која се повредени осум лица, информираат надлежните служби.

Според првичните информации, во несреќата учествувале повеќе возила, а судирот предизвикал сериозни оштетувања и блокада на сообраќајот во двата правци. На местото веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош, полицијата и противпожарната служба.

Повредените лица се пренесени во болнички установи во Тетово и Гостивар, каде им е укажана лекарска помош. Засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба, но се потврдува дека дел од повредените се со потешки телесни повреди.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница беше времено пренасочен и се одвиваше отежнато, со присуство на полициски патроли кои го регулираа движењето на возилата.

Надлежните органи вршат увид за утврдување на причините за несреќата, по што се очекуваат дополнителни информации.

Continue Reading

Црна Хроника

4News: Приведен поранешниот државен правобранител – истрага за сериозни коруптивни сомнежи

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е приведен во рамки на полициска акција, поради сомневања за тешко коруптивно кривично дело. Апсењето на поранешниот висок функционер, кој беше задолжен за заштита на државниот имот, предизвика силни реакции во јавноста.

Засега нема официјално соопштение од институциите, но според првични информации, постојат сериозни индиции за вмешаност во коруптивни активности.

Според неофицијални и непотврдени сознанија од истрагата, Стафа е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп. Извори блиски до истражните органи наведуваат дека станува збор за сума од неколку десетици илјади евра, која наводно била побарана или примена со цел извршување или неизвршување службено дејствие.

Во овој момент не се соопштени детали за начинот и околностите под кои е извршено апсењето, ниту дали предметот опфаќа и други осомничени лица. Се очекува Министерството за внатрешни работи и надлежното Јавно обвинителство во текот на ноќта или утрешниот ден да информираат за случајот и за правната квалификација на делото.

Стафа на функцијата државен правобранител беше именуван како предлог на Алтернатива, а во јавноста беше поврзуван и со ДУИ. Во изминатиот период против него биле поднесувани и повеќе пријави до Финансиската полиција.

Државниот правобранител е институција задолжена за застапување и заштита на имотните и правните интереси на Република Македонија пред судовите и органите на државната управа.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг