Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Точно знаеме кои се тие судии кои што добивале насоки од седиштата во Речица или во Бихаќка, вели Мицкоски

by Уредник
08.03.2025
in Uncategorized

Владата нема да се меша во какви било избори или именувања и тоа треба да биде порака до сите да си ја работат својата работа и да работат според закон, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со притисоци од ДУИ за уставните судии, пред седницата за албанскиот јазик и вчерашната посета на американската амбасадорка Анџела Агелер на Уставниот суд, Мицкоски рече дека е недозволено мешање во судската власт.

– Би се согласил дека тоа е порака можеби од американската амбасада дека е недозволено мешање во судската власт, нешто што за ДУИ можеби и е непозната работа бидејќи тие се навикнати обвинители, судии здружено заедно со претходните нивни коалициски партнери во власта, тоа се СДСМ во рамките на партиските седишта да ги креираат политиките на поединци во обвинителството и во судството. Мораме да внимаваме, не се сите судии и обвинители дел од таа структура. Точно знаеме кои се тие поединци кои што добивале насоки од седиштата во Речица или во Бихаќка и токму од тие причини граѓаните имаат чувство дека правдата во принцип не функционира за сите подеднакво, рече Мицкоски.

Собраниската седница за интерпелациите на членовите на Судскиот совет е закажана за во вторник, но тогаш е и седницата на советот. Мицкоски рече дека тоа се две работи кои би ги одвоил. За обвинителот Љупчо Коцевски вели дека не се согласува дека тој работел без прекршувања.

-Членовите на Судскиот совет нека си тераат своја работа, Парламентот си има своја работа. Јас би ги одвоил тие две работи, две активности. Не би сакал да коментирам дали тоа би значело почитување или не почитување на Парламентот. Да почекаме да се изјаснат пратениците па потоа можеме да коментираме, изјави Мицкоски.

Запрашан да ги коментира изјавите на јавниот обвинител Љубчо Коцевски дека не ги прекршил законите, премиерот вели дека јавниот обвинител „си има право на свое мислење“.

– Ова е демократска земја и тој го кажал своето мислење. Околу неговата досегашна работа претпоставувам ќе имаат што да кажат тие што го бирале, а тоа се пратениците така што да почекаме да дојде предметот пред пратениците па дури потоа можеме да коментираме што е тоа што ќе се разговара и ќе се дебатира и кои се тие аргументи со кои што ќе се оспорува или демантира изјавата или ставот на Коцевски, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека тој може да го каже неговото лично мислење.

-Можам мое мислење да кажам. Апсолутно не се сложувам со неговиот став и со неговот мислење, ама тоа е само мое мислење. Јас не одлучувам, одлучуваат тие што го бирале, а тоа се пратениците во македонското собрание, рече Мицкоски, кој денеска беше во посета на Свети Николе.

Next Post

Пожар во зграда во Скопје, во подрумот се чувале канти со нафта

Жестока расправија на состанокот помеѓу Маск, Рубио и Трамп во Белата куќа: Кој ќе биде следниот потег на Трамп?

Жестока расправија на состанокот помеѓу Маск, Рубио и Трамп во Белата куќа: Кој ќе биде следниот потег на Трамп?

Препорачани Вести

Пожар во населбата Трајаново Трло кај Кочани – интервенираат противпожарни екипи [ФОТО]

Пожар во населбата Трајаново Трло кај Кочани – интервенираат противпожарни екипи [ФОТО]

7 months ago
Над 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција

Над 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.