Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Пресметка во Мирковци: Еден обвинет за обид за убиство, друг за помагање

by Уредник
09.03.2025
in Uncategorized
obvinitelstvo

„Пред куќата на таткото на жртвата двајцата обвинети дошле заедно со такси и го повикале oштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал еден проектил директно кон оштетениот. Тој го забележал оружјето навреме и веднаш се повлекол зад вратата која автоматски се заклучува, а куршумот завршил во ѕидот“, соопшти ОЈО Скопје

37-годишник е обвинет дека извршил обид за убиство во скопското село Мирковци, каде во декември минатата година пукал со пиштол кон едно лице, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Во истиот случај обвинето е уште едно лице за помагање по извршување на делото.

„Обвинетиот 37-годишник, поради нерасчистени претходни должничко-доверителски односи, на 10.12.2024 година во селото Мирковци сo умисла се обидел да лиши од живот едно лице. Пред куќата на таткото на жртвата двајцата обвинети дошле заедно со такси и го повикале oштетениот да излезе. Кога тој се појавил на влезната врата, првообвинетиот извадил пиштол и истрелал еден проектил директно кон оштетениот. Тој го забележал оружјето навреме и веднаш се повлекол зад вратата која автоматски се заклучува, а куршумот завршил во ѕидот, веднаш до рамката од влезната врата“,

соопшти Обвинителството.

Според Обвинителството, обвинетиот почнал да тропа и да удира со нога по вратата, обидувајќи се насилно да влезе во куќата, но не успеал, по што двајцата обвинети заедно избегале.

„Вториот обвинет, за да му помогне на првообвинетиот по извршеното кривично дело, го зел кај себе пиштолот. На 23.12.2024 година со истиот пиштол сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност за што врз основа на признание на вина е осуден на 22.01.2025 година“,пишува во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинението, поднел и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот. Вториот обвинет, пак, е во притвор до правосилност на пресудата за предизвикување општа опасност која му е изречена.

Next Post
Русите имаат нов проблем во Украина – се вика распутица и е нешто од кое се плашат и најхрабрите

Русите имаат нов проблем во Украина - се вика распутица и е нешто од кое се плашат и најхрабрите

Двајца малолетници повредени во сообраќајна несреќа

Двајца малолетници повредени во сообраќајна несреќа

Препорачани Вести

Евровизија не ни почнала, а обложувалниците го ИЗБРАА ПОБЕДНИКОТ!

11 months ago

Илиевски: Никогаш не сум делел луѓе по етничка основа – сите ме познаваат мене и моето семејство

3 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.