Connect with us

Магазин

Неколку причини зошто луѓето родени во знакот Јарец се подобри од останатите

Јарец е десеттиот знак на хороскопот, а како и симболот на нивниот знак, јарецот е секогаш спремен да се искачува повисоко до целта. Тие се сигурни во себе, никогаш не потклекнуваат и знаат кон што се стремат.

Себеси се ставаат на висока и недостижна позиција, бидејќи сакаат да ги гледаат нештата од сигурно место. Лицата од овој знак имаат прецизни цели за кои се спремни да работат долго и напорно. Нивната самодисциплина им овозможува успех во она што го прават.

Едно од најбитни нешта за јарецот е постигнатата цел, а врвот е нивниот лимит. Исто така, битно им е да поседуваат вештини во кои ќе бидат подобри од другите. Тие се вредни работни кои не ги плаши напорната работа, бидејќи знаат дека тоа ќе ги донесе до врвот, а нивната амбициозност, решителност и став со кој се решени да одат до крај им го олеснува патот до таму. Животот е еден голем проект за овие луѓе, а се прилагодуваат на него со помош на деловен пристап кон се што прават, со практичност, реалност и прагматичност. Ваквата посветеност кон своите цели често оди до точка на тврдоглавост. Уживаат во победи, сакаат нивните квалитети да бидат препознаени од другите, како и да се во центарот на случувањата. Јарците како животни секогаш сакаат да се искачат на врвот на планината, каде што воздухот е чист и свеж. На ист начин, оние родени во знакот на Јарец сакаат да стигнат до врвот во своето поле, така што ќе можат да ги користат придобивките на успехот и славата, престижот и парите. Овие луѓе можат навистина да се однесуваат надмоќно, понекогаш дури и егоистично, на нивниот пат кон врвот.

Јарците се ефикасни и организирани и не креваат голема прашина околу работите. Тие се коректни со детали и имаат прилично конвенционални ставови во бизнисот и воопшто во животот. Овие луѓе се чувствуваат најдобро кога играат безбедно, бидејќи тоа е најсигурниот начин да се стигне до врвот.

Јарците имаат тенденција да бидат доста зрели и целосно се благословени со здрав разум, два квалитети кои им помагаат нивните потфати во животот да бидат успешни. Нивната амбиција е безгранична, но сепак тие се претпазливи, одговорни и секогаш играат фер. Затоа нивните успеси се се поголеми и побројни.

Елемент: Земја

Група: Теоретска

Поларитет: Негативен

Омилена боја: Кафеава

Владејачка планета: Сатурн

Куќа на владеење: Десетта

Спротивен знак: Рак

Среќен камен: Оникс

Период: 22 декември-19 јануари

Силни страни: Одговорни, добри менаџери, дисциплинирани, поседуваат самоконтрола, црна смисла за хумор.

Слабости: Мислат дека знаат се, опростуваат тешко, полни се со презир, го очекуваат најлошото.

Карактеристични белези: Можат да бидат во топ форма само со малку напор.

Сакаат: Семејство, традиција, квалитет на изработка, музика.

Не сакаат: Речиси се, во најразлична смисла.

Најдобра средина: Позитивни ситуации, урбани средини со културата и стил, секое место каде може да биде на чело.

Advertisement

Магазин

Ајде сите да гласаме за македонскиот филм „Приказната за Силјан“ кој е во трка за престижна Audience Choice награда

Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, се наоѓа во конкуренција за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарно кино. Филмот веќе ја обезбеди номинацијата во првиот круг на гласањето, а вториот круг започна денес, со публиката како клучен фактор за изборот на победникот.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тимот на Котевска апелира до публиката да ја поддржи Македонија и да ги даде своите гласови за овој филм, истакнувајќи дека секој глас може да има значително влијание врз неговата иднина на светската сцена.

Audience Choice Prize го избира документарниот филм кој најмногу ја освојува светската публика и често претставува предвесник за влез во потесниот избор за Оскар. Гласањето се затвора на 16 декември 2025 во 02:00 часот, а резултатите за тоа дали филмот ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе бидат објавени истата вечер во 22:00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

За да се поддржи македонскиот претставник, гласовите можат да се дадат преку следниот линк: Cinema Eye Honors Audience Choice Voting.

Continue Reading

Магазин

Зимскиот притисок на гумите е клучен за безбедност на патот

Со доаѓањето на студените месеци, многумина возачи се фокусираат на замена на зимски гуми, но забораваат на еден од најважните аспекти – правилниот притисок во гумите. На ниски температури, воздухот во гумите се стеснува, што значително го намалува притисокот и влијае на стабилноста, сопирањето и потрошувачката на гориво.

За секои 10 степени пад на температурата, притисокот во гумите паѓа за околу 0,1 до 0,2 бари. На пример, ако есенскиот притисок бил 2,2 бари, при -5 степени истиот може да падне на 1,8–2,0 бари, што ја прави гумата помека и помалку стабилна.

Експертите советуваат во зима да се додава околу 0,2 бари над препорачаната вредност наведена од производителот на возилото. На пример, ако препораката е 2,2 бари, зимскиот притисок треба да биде околу 2,4 бари.

Пренискиот притисок води до полошо држење на патот, подолго растојание на запирање, зголемена потрошувачка на гориво и побрзо трошење на гумите, додека пренадуваните гуми ја намалуваат контактната површина и го зголемуваат ризикот од лизгање.

Стручњаците препорачуваат притисокот да се проверува најмалку еднаш месечно, а најдобро е кога гумите се ладни – три часа по возење или кратко по неколку километри. Со правилно надуени гуми, автомобилот ќе биде постабилен, побезбеден и поефикасен во зимски услови.

Continue Reading

Магазин

Џеф Безос и сопругата донираат 88 милиони евра за бездомниците

Џеф Безос и неговата сопруга Лорен објавија дека ќе донираат 102,5 милиони долари (околу 88 милиони евра) на 32 непрофитни организации низ САД кои работат со бездомници. Средствата ќе бидат исплатени преку Фондот за семејства „Деј еден ден“, кој Безос го основа во 2018 година.

„Можеме да дадеме повеќе од 100 милиони долари оваа година, тоа значи многу за бездомниците“, изјави Лорен за време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“. Таа додаде дека донациите ќе им помогнат на семејствата „да се движат во вистинската насока“ и дека ова е само почеток на нивната филантропска активност.

Лорен и Џеф се венчаа во јуни во Венеција, на свадба на која присуствуваа стотици познати личности, вклучувајќи го семејството Кардашијан-Џенер, Опра Винфри и Бил Гејтс. Двојката се запозна во 2019 година, а Безос ѝ предложи брак во 2023 година.

„Среќна сум што го поминувам животот со мојата најдобра пријателка, некој што ме гледа, некој што ме обожава, некој што го обожавам. Се чувствувам безбедно. Се чувствувам видено. Тој ми дозволува да бидам јас“, изјави Лорен пред свадбата за Vogue.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг