Connect with us

Република

За три дена во Тетово казни и предупредувања за 100 неправилно паркирано возачи

Апелирам до сите сограѓани, до сите тетовчани заедно работиме да имаме почисти и пофреквентни улици. 

За три дена над 100 предупредување и казни до граѓаните кои непрописно се паркирале во Тетово. Ова е резултат од засилените контроли на неправилно паркираните возила кој го соопшти градоначалникот Билал Касами по заедничкиот увид во активностите заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“, Мирко Мартиновски и началникот на СВР Тетово, Ријад Али. Засилените контроли следат откако на 1 март, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дојде да договорат со општината како да се намали сообраќајниот метеж.

– Апелирам до сите сограѓани, до сите тетовчани заедно работиме да имаме почисти и пофреквентни улици. Улиците се за да се поминува со возила, тротоарите се за пешаците и поради тоа треба да внимаваме затоа што сите сме корисници на овие улици и тротоари и сите сакаме да тие бидат фреквентни и да бидат проточни. Според информациите кои ги имаме добиено од СВР Тетово само за три дена како се реализира оваа акција имало над 100 предупредување и казни до граѓаните кои непрописно се паркирале, рече Касами.

Засилената присуство на полицијата и соработка со нив дава резултати, оценуваат и од ЈП „Градски паркинг“.

– Најголемиот проблем за нас од Паркинг службата е двојното паркирање по улиците. За двојното паркирање мора да има интервенција од полицијата бидејќи тоа е сообраќаен прекршок, а ние како паркинг служба немаме ингеренции да отстрануваме возила и казнуваме вакви прекршоци. Оваа недела за половина намален е бројот на изречените казни од страна на паркинг службата во делот на пајак службата и поставување блокатори, токму поради зголеменото присуство на полицијата на тетовските улици“, вели Маринковски.

Со овие контроли ќе се продолжи со истиот интензитет и во наредниот период со цел на улиците и тротоарите да нема непрописно паркирани возила.

– Затоа ги замолувам возачите да паркираат на местата каде што е тоа предвидено. А ако се од градот, не мора да излезат со возило, ќе биде добро за нивното здравје ако пешачат малку повеќе, така ќе придонесат и за своето здравје и да се намали метежот во сообраќајот, советува градоначалникот Касами.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по посетата Тетово рече дека овој план е ад-хок решение, пред воспоставување на системот „Безбеден град“ каде со камери ќе се откриваат и казнуваат сообраќајни прекршоци, во чија прва фаза е и Тетово.

Извор: Канал5

Advertisement

Република

„Шпанец“ се враќа на пругите: Модернизиран и подготвен за патници

Легендарниот воз „Шпанец“, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на пругите со целосно нов лик. Денес беше тестирана обновената верзија на возот, кој сега располага со модерен дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Одговорните најавуваат дека подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек, со цел патниците да уживаат во современо и безбедно патување.

Следуваат уште новости за враќањето на овој легендарен воз – останете со нас за сите детали.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Република

После многу години конечно Тетово ќе се украсува

На онлајн седница одржана денеска, 12 декември 2025 година, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Истовремено, изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

Continue Reading

Република

Коњановски ги прими просветните работници на годината од Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“.

Коњановски им честиташе за значајното признание доделено од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, нагласувајќи дека ваквите награди се симбол на поширока општествена заложба за почит и вреднување на улогата на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во образованието.

Тој истакна дека трудот на просветните работници е фундаментален за формирањето на идните генерации и дека локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува нивната работа.

Признанијата се доделуваат во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“, која Министерството ја реализира по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, со цел истакнување на незаменливата улога на учителите и зголемување на општествената почит кон нив.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг