Connect with us

Црна Хроника

Автомобил во Скопје удрил малолетничка-пешак, констатирани тешки телесни повреди

На 10.03.2025 околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(25) од Скопје, удрило во малолетничка-пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

Црна Хроника

Осум лица повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Гостивар–Тетово

Тешка сообраќајна несреќа се случи на регионалниот пат Гостивар–Тетово, кај клучката за Камењане, во која се повредени осум лица, информираат надлежните служби.

Според првичните информации, во несреќата учествувале повеќе возила, а судирот предизвикал сериозни оштетувања и блокада на сообраќајот во двата правци. На местото веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош, полицијата и противпожарната служба.

Повредените лица се пренесени во болнички установи во Тетово и Гостивар, каде им е укажана лекарска помош. Засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба, но се потврдува дека дел од повредените се со потешки телесни повреди.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница беше времено пренасочен и се одвиваше отежнато, со присуство на полициски патроли кои го регулираа движењето на возилата.

Надлежните органи вршат увид за утврдување на причините за несреќата, по што се очекуваат дополнителни информации.

Continue Reading

Црна Хроника

4News: Приведен поранешниот државен правобранител – истрага за сериозни коруптивни сомнежи

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е приведен во рамки на полициска акција, поради сомневања за тешко коруптивно кривично дело. Апсењето на поранешниот висок функционер, кој беше задолжен за заштита на државниот имот, предизвика силни реакции во јавноста.

Засега нема официјално соопштение од институциите, но според првични информации, постојат сериозни индиции за вмешаност во коруптивни активности.

Според неофицијални и непотврдени сознанија од истрагата, Стафа е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп. Извори блиски до истражните органи наведуваат дека станува збор за сума од неколку десетици илјади евра, која наводно била побарана или примена со цел извршување или неизвршување службено дејствие.

Во овој момент не се соопштени детали за начинот и околностите под кои е извршено апсењето, ниту дали предметот опфаќа и други осомничени лица. Се очекува Министерството за внатрешни работи и надлежното Јавно обвинителство во текот на ноќта или утрешниот ден да информираат за случајот и за правната квалификација на делото.

Стафа на функцијата државен правобранител беше именуван како предлог на Алтернатива, а во јавноста беше поврзуван и со ДУИ. Во изминатиот период против него биле поднесувани и повеќе пријави до Финансиската полиција.

Државниот правобранител е институција задолжена за застапување и заштита на имотните и правните интереси на Република Македонија пред судовите и органите на државната управа.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Осум повредени во сообраќајка на патот Гостивар–Тетово

Денеска (13.12.2025) во 20:05 часот на патот Гостивар-Тетово после клучка ,,Камењане”, настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Мерцедес” со австриски регистарски ознаки и патничко возило ,,БМВ” со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово. Поради вршење на увид, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг