Connect with us

Економија

Бишев: Буџетските дотации за пензии да се намалат под 30 отсто

Фискалната стратегија се уште не ја игра улогата на стратешки документ што треба да е сидро за макроекономските и развојните политики на земјата. Стратегијата често се менува, дури и на годишна основа. 

Така се губи долгорочната ориентација и за макроекономските политики и за фискалната политика. Анализата за периодот 2004 – 2023 година покажа склоност економскиот раст да се стимулира со фискална експанзија што треба да се преиспита зашто доглорочно не дава соодветни резултати. Јавниот долг надмина 60 отсто во 2024 година, но според статситиката не се земаат неизмирените обрвски кои на крајот од 2024 годинаизнесуваа четири отсто. Со ревизијата на оваа статистика, јавниот долг е околу 65 отсто од БДП што е согласно финансиската и буџетската статистика на ЕУ, рече денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев.

Пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет, европските експерти и претставници, Бишев напомена дека Фискалниот совет ја оценува како добра Фискалната стратегија 2025 – 2029 година што ја усвои Собранието.

-Стартегијата е добра рамка за фискална консолидација и на тој план буџетските дефицити се намалуваат на четири проценти во 2025 година и на 2,8 отсто во 2029 година. Со оваа динамика, Фискалниот совет целосно се согласува и ја поддржува, а јавниот долг е од 62 отсто во 2026 година на 59,7, но моменталните податоци се дека фискалниот долг е веќе 60 проценти, без достасаните обврски. Во однос на ризиците, укажавме дека фискалниот капацитет на јавните приходи врз основа на даноци и придонеси е 32 – 33 отсто од БДП. Во најновата студија на ММФ само фискалниот капцитет базиран на даночни приходи е проценет на 22,24 проценти, а од друга страна буџетските расходи за наредните четири години се проектирани на ниво од 40 проценти од БДП и тука го гледаме најголемиот ризик за реализација на буџетската стратегија. Препорачавме да се зголеми ефикасноста и да се намалат јавните расходи, да се зголеми фискалната дисциплина особено кај јавните институции, државните претпријатија, локалната власт, реформа на пензискиот систем и воведување еколошко оданочување, како и конвергенција кон даночните системи со ЕУ, нагласи Бишев.

На долг рок, според Фискаланиот совет, додаде, треба да се редуцираат буџетските дотации за пензии и да се сведат под 30 отсто зашто на долг рок над тој процент е неодржливо и го прави Буџетот ранлив.

-Ја поддржавме определбата на Владата изнесена во Фискалната стратегија јавните инвестиции во просек да изнесуваат пет отсто од БДП, а според Стратегијата за развој 2024 – 2044 што исто така ја усвои Собранието, тие се проектирани на 6,5 отсто од БДП со напомена дека ако во текот на годината средствата не се потрошат, не се пренаменуваат во тековни расходи, туку да останат за инфраструктура и инвестиции во наредната година или да се формира јавен фонд за инвестиции. Фискалниот совет препорачува да има квантификација на буџетските ефекти, односно на влијанието на предложените мерки и закони врз буџетските приходи, расходи и врз Стратегијата, да се отвори дебата за воведување уште едно фискално правило за јавните расходи, за нивниот раст во однос на номиналниот раст на БДП, како и да нема ревизии на фискланите приоритети пред изборните периоди, подвлече Бишев.

Една од препораките на Фискалниот совет е и при предлагањето мерки и закони обврзно да има и фискална проценка за ефектите од нивното спроведување.

Бишев во обраќањето рече дека македоските фискални правила во целост ги исполнуваат критериумите на Светска банка: обезбедуваат долгорочна стабилност на јавните финансии и на фискалната политика, овозможуваат реакција во услови на еконосми шокови или при потреба од дополнителни инвестиции во инфраструктурни проекти и развој, а во добри времиња овозможуваат да се создадат фискални бафери за тешки времиња. Во македонската регулатива во најголем дел, додаде, се веќе се вклучени и новите фискални правила за независните финансиски институции на ЕУ, останува уште да заживеат во пракса.

Осврнувајќи се на релациите со релевантните државни институции, Бишев уакажа дека досега соработката на Фискалниот совет со нив главно се сведувала на вршења анализи и давања мислења или препораки откако буџетските или фискалните документи веќе биле усвојувани или доставувани до Собранието. Фискланиот совет не бил вклучен, рече, во подготовката на овие документи за да се искаже по макроекономските претпоставки или за потенцијалните ризици.

Бишев ја истакна потребата од кадровско јакнење и финансиската незваисност на Советот. Напомена дека е неопходно да се обезбедат довлно и стабилни средства на долг рок.

Презентацијата „Фискално управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет“ почна со воведни обраќања на претседателите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, Сања Лукаревска и Бојан Стојановски. Потоа свој осврт дадоа евроамбасадорот Михалис Рокас и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава Масимилиано Паолучи по што следуваа излагања и на експертите.

Како што беше предочено, независност, стабилно долгорочно планирање, транспарентност, отчетност и комуникација со јавноста, се само некои од основните карактерирстики што треба да ги имаат независните финансиски институции (НФИ) или фискалните совети.

Извор: Канал5

Advertisement

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading

Економија

Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.

Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.

Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.

Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.

Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.

Continue Reading

Економија

Од вечерва нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг