Магазин
Бродот кој исчезнал, е најголемата тајна на Никола Тесла
За научниците од денешницата патувањето низ времето и телепортирањето се и понатаму во рангот на научната фантастика. Меѓутоа, за српскиот генијалец Никола Тесла, постои теорија дека тоа било реалност.
Како еден од главните јунаци на оваа мистерија од 20-тиот век, за воениот брод на американската морнарица кој што под неразјаснети околности исчезнал, а потоа се појавил стотина километри подалеку, теоретичарите на заговори и денес го наведуваат токму името на Никола Тесла.
Експериментот познат како “Проект Виножито” или Филаделфиски експеримент (случајот наводно се одиграл во пристаништето на американската морнарица во Филаделфија) е помеѓу омилените “десерти” за теоретичарите на заговори, иако не постојат цврсти докази дека вакво нешто навистина се случило. Целта било да се направи технологија која што би можела да направи бродот да биде невидлив за непријателските радари.
Според тврдењата на теоретичарите, токму електромагнетно зрачење го испратило американскиот разорувач на патување низ времето кон крајот на месец октомври во 1943-та година. Кога генераторите се вклучиле, наместо бродот да добие електромагнетен заштитен балон, тој станал невидлив – буквално!
Неколку секунди подоцна (а според некои теории и часови подоцна) се појавил на стотина километри подалеку од Филаделфија. Всушност, кога генераторите биле исклучени и зрачењето престанало, бродот повторно се појавил. Неколку членови на екипажот бесцелно лутале на палубата, без свест за тоа што им се случило и каде воопшто се наоѓаат.
Објаснувањето било едноставно – ова бил прв пат за човекот да биде жртва на толку силно електромагнетно зрачење.
Колкава била наводната улога на Никола Тесла во овој мистериозен проект, можеби никогаш нема да биде докажано, но, како што се верува, научникот од него се откажал уште во 1942-та година, бидејќи сфатил колкави може да бидат последиците. Теоријата вели дека не само што одбил да учествува во пеколните планови на американската војска, туку е и гонет поради етички причини, при што започнал и да го саботира проектот. И покрај напорите, тој не успеал да го спречи и фактот за заморчиња во овој проект да бидат токму луѓето.
Самата теорија за нестанокот на Елдриџ дополнително ја вжештува атмосферата токму и теоријата за тоа дека токму вмешаноста на Тесла во овој експеримент е и главна вина за смртта на Тесла, како и тоа дека токму поради сето ова тој бил и убиен.
Со децении наназад веќе се прераскажуваат бројни легенди за неговите наводно најважни ракописи, кои што пак мистериозно исчезнале од архивите, но дека главниот ум зад целата операција, како што велат теоретичарите на заговори, се американската влада и војска, на кои што отсекогаш им пречело тоа што српскиот генијалец не бил доволно кооперативен.
Тесла, според приказните, на пријателите често им се доверувал дека се плашел за тоа дека некои од неговите проекти би можеле да дојдат во погрешни раце, и дека тоа може да биде фатално.
За Филаделфискиот експеримент се снимени и бројни документарни филмови, а напишани се и неколку книги. Најголем публицитет привлече Ал Биелек кој што во самото дело тврдел дека бил еден од членовите на прочуениот мистериозен екипаж на Елдриџ, кој што патувал низ времето.
Се зборува дека на овој проект како советник работел и Алберт Ајнштајн, кој токму во тоа време најави дека ќе се повлекува од науката.
Никола Тесла починал на 7-ми јануари во 1943-та година – два месеца после почетокот на работата на бришењето на воениот разорувач од радарите.
Магазин
САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.
Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.
„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.
Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.
ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.
Магазин
Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025
Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.
По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.
„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.
Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.
„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“
Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“
Магазин
Конструирање и одржливост: како Samsung Galaxy S и Z сериите предничат во оваа област
Немаме резервна планета – нашата земја и вода мора да останат чисти и просперитетни за идните генерации. Одржливоста не е избор, туку обврска. Samsung ја разбира оваа одговорност и затоа ги создаде сериите Galaxy S и Galaxy Z, кои го застапуваат овој принцип. Овие врвни паметни телефони се повеќе од најсовремени уреди; тие се доказ за развој на технологија што ја почитува нашата планета. Ајде да погледнеме како Samsung ја комбинира извонредноста во конструирањето со одржливоста во своите Galaxy S и Z серии.

Galaxy Z серијата: Иновации со еколошко срце
Моделите Galaxy Z Fold7 и Flip7 се доказ за целосната посветеност на Samsung кон одржливостa без компромис во перформансите. Еве како овие уреди се конструирани за да бидат и моќни и еколошки прифатливи:
Рециклирани материјали: Fold7 и Flip7 содржат девет рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар, челик и литиум. Овој пристап го намалува еколошкото влијание од производството, а истовремено го задржува врвниот квалитет.
100% рециклиран кобалт и литиум: Батериите кај моделите Fold7 и Flip7 користат 100% рециклиран кобалт и литиум, што значително го намалува еколошкиот отпечаток.
Одржлива амбалажа: Амбалажата за овие уреди е изработена од 100% рециклирана хартија, со што се елиминира потребата од пластика за еднократна употреба и се поттикнува поодржливо искуство при пакување.

Slim Actuator технологија: Slim Actuator кај моделот Fold7 овозможува камера со високи перформанси во потенок форм-фактор, гарантирајќи дека иновациите не доаѓаат на сметка на дизајнот.
Ултра-високoгустинска печатена плоча: Во моделот Flip7 се вградени компоненти со висока густина, со што максимално се искористува внатрешниот простор и се намалува отпадот од материјали.
Компактен модул на камерата: Модулот на камерата кај Flip7 е унапреден за да биде помал, а притоа да ги задржи врвните перформанси, што ја потврдува способноста на Samsung да воведува иновации на одржлив начин.
Систем со двојна батерија: Системот со двојна батерија кај Flip7 нуди зголемување од 300 mAh во споредба со претходната генерација, подобрувајќи ги перформансите, а истовремено задржувајќи компактен дизајн.

Galaxy S серијата: моќ во комбинација со цел
Серијата Galaxy S25 ја продолжува традицијата на Samsung да ги спојува најсовремените технологии со одржливите практики. Еве како серијата S25 е конструирана за да биде и моќна и еколошки прифатлива за нашата планета:
Прилагоден Snapdragon® 8 Elite чипсет: Samsung, во соработка со Qualcomm, го унапреди Snapdragon® 8 Elite чипсетот, што резултира со подобрен квалитет на екранот, поголема ефикасност и подобрени перформанси на камерата – дури и во услови на слаба осветленост.
Рециклирани материјали: Серијата Galaxy S25 содржи рециклирани материјали, меѓу кои пластика, стакло, алуминиум, кобалт, ретки природни елементи, злато, бакар и челик, со што се придонесува за поодржлив животен циклус на производите.
Циркуларен синџир на снабдување со батерии: Серијата Galaxy S25 користи рециклиран кобалт од претходно користени Galaxy уреди или од батерии отфрлени за време на производството, со што се подобрува циркуларноста и се намалува електронскиот отпад.
Користење обновлива енергија: Samsung премина на 100% обновлива енергија во осум од десет фабрики за производство на мобилни уреди, вклучително и оние во кои се развиваат компонентите за серијата Galaxy S25.
Намалување на јаглеродниот отпечаток: Моделот Galaxy S25 Ultra емитува вкупно 48,9 kg CO₂ во текот на целиот свој животен век, според пресметките направени преку системот за процена на животниот циклус на производите на Samsung.
Зошто е ова важно?
Суштината на пристапот на Samsung кон конструирањето и одржливоста не лежи само во исполнување на потребите на денешницата, туку и во обликување подобро утре. Со користење рециклирани материјали, оптимизирање на потрошувачката на енергија и намалување на јаглеродниот отпечаток, Samsung гарантира дека уредите од сериите Galaxy S и Galaxy Z не се само моќни, туку и одговорни.
Без разлика дали го истражувате иновативниот дизајн на склопливите уреди од Z серијата или модерната елеганција на S серијата, едно е јасно: Samsung е лидер во создавање технологија што е подеднакво одржлива и напредна.
Во последниот текст од оваа серија ќе се осврнеме на третиот темел на гаранцијата за квалитет на сериите Galaxy S и Z.
Трендинг
-
Црна Хроника3 days agoХорор на патот Охрид–Струга: Возач двапати тргнал кон полицајци и успеал да избега
-
Црна Хроника3 days agoДрама на автопатот Тетово – Гостивар: Ги пресретнале со ротација им го пресекле патот, па ги истепале
-
Црна Хроника4 days agoКривични пријави против полицајци од Штип – МВР со детали
-
Македонија5 days agoМВР со конечна одлука еве кога почнува „Безбеден град“
-
Република1 day agoУтре дел од Тетово и три тетовски села без електрична енергија
-
Црна Хроника13 hours agoКривична пријава за командир и полицајци – МВР со детали
-
Црна Хроника4 days agoФизички нападната девојка на работно место во Брвеница
-
Црна Хроника6 days agoПретрес во тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица















