Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Почнува изградбата на граничниот премин Маркова Нога во Преспа

by Уредник
11.03.2025
in Uncategorized

Aмбасадорот на ЕУ Михалис Рокас утре, 12 март, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан ќе присуствуваат на почетокот на градежни работи на граничниот премин со Грција, Маркова Нога во Преспа, соопштија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

„Официјално ќе се започне со градежни работи за царинската зграда со придружната инфраструктура, и тоа канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта и паркинг кај новиот граничен премин Маркова нога – Герман. Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма ‘ЕУзаПреспа’, која изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Од нив, 18 милиони евра, односно 84  проценти се обезбедени од Европската Унија, а остатокот се од националниот буџет. ‘ЕУзаПреспа’ се спроведува преку два договора за придонес потпишани со УНДП. Опремата треба да ја испорача и инсталира Царинската управа“, соопштија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Реконструкцијата на полициската зграда ќе биде покриена со дел од програмата Интеррег ИПА Грција – Северна Македонија финансирана од ЕУ  со вкупно 7,73 милиони евра, вклучително 1,2 милиони евра од Министерството за внатрешни работи  и 114,136 евра од Општина Ресен за финансирање на градежните работи од двете страни. Граничниот премин се очекува да биде отворен во 2028 година.

Граничниот премин Маркова Нога – Лемос меѓу Македонија и Грција е затворен 58 години. Повторно отворање беше најавено уште со потпишување на Преспанскиот договор во 2018 година.. Претходно се минувало само со лична карта.

Во ноември минатата година Грција потврди дека ќе почне да се гради граничниот премин. Тогаш Јорго Аманатидис, регионален гувернер на областа Западна Македонија, за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека од грчка страна работат на овој проект кој е клучен чекор за зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји и ќе доведе до значителни еколошки, социјални и економски придобивки за регионот.

Извор САКАМДАКАЖАМ.МК

Next Post

(Видео) „Ако не носам мазут ќе немаш струја за на фризер“ – Капушевски се подбивал кога му ги истражувале матните зделки

Вработени во РТС преку прозорец влегуваат во телевизијата

Препорачани Вести

Денес се одбележуваат 132 година од смртта на Григор Прличев

12 months ago

САД подготвуваат евакуација на свои државјани од Израел

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.