Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Собранието ги изгласа интерпелациите на петте члена на Судскиот совет

by
2025/03/11 17:04:13
in Uncategorized
Собранието ги изгласа интерпелациите на петте члена на Судскиот совет

Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет

Собранието на денешната седница со 73 гласа „за“ изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова-Илиевска. Со 75 гласа „за“ пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа. Со ова заврши денешната собраниска седница на која претходно им беше изгласана недоверба и на Павлина Црвенковска, Селим Адеми и Весна Дамева. Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет.

Собранието гласаше поединечни заклучоци според кои тие имале „значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и придонеле за падот на довербата на граѓаните кон судството“. Воедно, се наведува дека ја занемариле и не ја извршувале својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работата на Судскиот совет.

Павлина Црвенковска достави писмен одговор на интерпелацијата, но не ја образложи пред пратениците.

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше во името на предлагачите, нагласувајќи дека Судскиот совет станал полигон за партиски инсталации и алатка за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ.

„Нашата држава, нашите институции и пред сè нашите граѓани заслужуваат правосуден систем што ќе биде симбол на правдата, транспарентноста и владеењето на правото. Судскиот систем мора да функционира како независен столб на демократијата, ослободен од политички, економски и какви било други влијанија што би можеле да ја компромитираат неговата основна мисија заштита на правата на граѓаните и обезбедување правична и ефикасна правда. Наместо да биде инструмент во рацете на моќниците, судството мора да биде гарант на правниот поредок и силен браник против злоупотребите и корупцијата“, рече Ковачки. 

За Црвенковска рече дека во минатото била шеф на кабинетот на поранешниот премиер Владо Бучковски и дека таа била „длабоко вкоренета во партиските структури“.

„Ова значи дека нејзиното дејствување во Судски совет не е резултат на стручност или независност, туку на политички договори и долгогодишни релации со партијата што ја поставила на одговорна позиција“, додаде Ковачки.

Според пратеникот Бобан Карапејовски од ЗНАМ, самиот состав на Судскиот Совет е „изваден од партиските штабови“.

„Кога ја избирале Тања Чачорова-Илиевска, предлогот е потпишан од претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, тогаш, Костадин Костадинов, омилениот градоначалник на семејството Заеви. Познатиот правник бил адвокат, потоа бил посебен советник за правда во канцеларијата на претседателот на Владата. Толку за неполитизираноста на Судскиот совет“, рече Карапејовски.

Според пратеникот Халил Снопче, овие членови на Судскиот Совет не ги исполниле условите да бидат во служба на правото и на државните интереси, туку се воделе од политички интерес.

„Нивната дејност била политичка и како последица, немале успех во нивната работа како членови на Судскиот Совет. Овие членови изгледа дека како приоритетот на нивното дејствување не го ставиле државниот интерес и интерес на граѓаните, туку на оние од кои биле изберени. Тие не ја поддржувале правдата, туку работеле според политичките интереси. Ние како пратеници мора да дејствуваме. Зголемување на довербата во судството не може да се случи со истите судии и обвинители“, рече Снопче.

Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа не беа присутни на денешната собраниска седница.

Next Post
ФОТО: Камион со скопски таблички излета од патот во близина на селото Раец

ФОТО: Камион со скопски таблички излета од патот во близина на селото Раец

Рубио откри што мора да направи Украина за да се стави моментален крај на војната со Русија

Рубио откри што мора да направи Украина за да се стави моментален крај на војната со Русија

Препорачани Вести

Комитетот за национални малцинства одлучи да не прифати проекти од интерес на Македонците во Република Албанија

8 months ago

Медведев: Ова може да значи почеток на војна измеѓу НАТО и Русија

3 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.