Connect with us

Технологија

Стасува најдобрата видео игра на сите времиња – како ќе реагираат гејмерите кога ќе слушнат колку пари ќе чини GTA 6?

Цела индустрија чека на доаѓањето на само една игра, а издавачите се надеваат дека нејзината цена ќе биде што поголема.

Не постои категорија или сектор кои последните години не беа погодени од поскапувања, а изгледа дека и во иднина можеме да очекуваме продолжување на растот на цените на бројни производи. Меѓу другото, такви поскапувања би можеле да почувствуваат и гејмерите, и тоа со појавата на новото продолжение на Grand Theft Auto. GTA 6, која е веќе прогласена за најочекуваната игра во историјата, бидејќи од последната верзија поминаа повеќе од десет години, на пазарот би требало да се појави во втората половина на годинава, најверојатно во есен.

Додека фановите на оваа франшиза се возбудени што наскоро ќе пристигне новото продолжение, тие веројатно нема да бидат толку среќни кога ќе дознаат колку ќе треба да платат за ова гејмерско задоволство. На основа на некои претходни гласини, како и нови информации кои ги објави аналитичарот Мајкл Паќер, изгледа дека во Take-Two Interactive сериозно размислуваат за значително зголемување на цената која може да достигне дури – 100 долари.

Ако овие информации се точни, тоа би било драстично зголемување кое ќе ги излуди милиони фанови на играта. Но Паќер вели дека постои и друга страна на ова потенцијално зголемување на цената, која може да ја ублажи ситуацијата. Тој објаснува дека за 100 долари, покрај самата игра, корисниците би можеле да добијат и голем износ на виртуелна валута за играта, која би можела да се потроши во GTA Online. Тоа значи дека ќе платите 100 долари за самата игра, а веднаш ќе добиете и голем износ на виртуелна валута која ќе можете да ја трошите во рамките на играта.

Во разговор со новинари од Gizmodo, овој аналитичар објасни дека до овој заклучок дошол по неколку разговори со извршниот директор на компанијата Take-Two, Штраус Зелник. Шефот на компанијата објаснил дека би можеле да создадат некои елементи во кои GTA Online би бил вметнат во модот за играње за еден играч. На пример, играчот би можел да најде содржина која е достапна само во онлајн модот и би морал да се премести во тој мод за да ја заврши мисијата или да отклучи некој предмет или слично важен за поединечните мисии.

Цела индустрија во исчекување

Освен тоа што би платиле толку голема сума за да добијат гејмерска виртуелна валута, гејмерите би добиле и пристап до дополнителни содржини во играта, кои ќе бидат достапни подоцна.

GTA Online е важен извор на приходи за Take-Two, и иако GTA V беше објавена пред 12 години, онлајн модот за таа игра сѐ уште е многу популарен. Според финансиските податоци на компанијата, од лансирањето на играта до денес, приходите од неа надминаа 9,5 милијарди долари.

Треба да се напомене дека официјално не се објавени информации за цената на оваа игра и ќе ги дознаеме подоцна, па секогаш постои можност играта да биде нешто поевтина, но без виртуелната валута и (бесплатен) пристап до идниот содржин.

Она што сигурно може да се очекува е дека цената на играта ќе биде повисока од цената на најпопуларните и најскапите наслови денес. Како што нагласуваат на Gizmodo, конкурентските издавачи се надеваат дека ако Take-Two навистина ја зголеми цената на играта, тоа ќе им даде зелено светло за зголемување на цените на своите идни наслови.

Advertisement

Технологија

Австралија ги забранува социјалните мрежи за малолетници – глобален шок во дигиталниот свет

Австралија влегува во историјата како прва земја во светот која воведува задолжителна минимална возраст за користење на социјалните медиуми, поставувајќи ја сцената за бран на глобална регулација што сите го очекуваа.

Од полноќ, дигиталниот пејзаж на Австралија драматично се менува. Десетте најголеми платформи, вклучувајќи ги Инстаграм, ТикТок и Јутјуб, ќе бидат принудени да повлечат драстичен потег: блокирање на повеќе од милион сметки на корисници помлади од 16 години.

Непочитувањето на новиот закон носи со себе застрашувачки последици: казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари). Овој потег го означува почетокот на живиот експеримент кој ќе го проучуваат законодавците ширум светот.

Застапниците за слобода на говорот и технолошките гиганти жестоко се спротивставија на законот, нарекувајќи го претерано мешање во модерното живеење.

Сепак, законот наиде на огромен аплауз од родителите и застапниците за правата на децата, кои одамна бараа заштита од штетните ефекти на социјалните медиуми.

Оваа забрана е кулминација на едногодишни шпекулации за тоа дали една држава ќе се осмели да ја ограничи технологијата која стана толку длабоко вградена во секојдневниот живот. Законодавците, фрустрирани од бавната реакција на технолошката индустрија на штетите, сега директно интервенираат.

„Иако Австралија е прва што усвои вакви ограничувања, малку е веројатно дека ќе биде последна“, предупреди Тама Ливер, професор по интернет студии на Универзитетот Кертин.

Владите од Данска до Малезија – па дури и некои држави во САД – веќе сигнализираат дека планираат слични мерки. Ова следи четири години откако протечените интерни документи на Meta (META.O) открија дека компанијата била свесна за врската помеѓу нејзините производи и проблеми со сликата за телото и суицидалните мисли кај тинејџерите.

„Забраната за социјални медиуми во Австралија… е во голема мера како рударскиот канар во јагленокопот“, додаде Ливер, сугерирајќи дека ова е почеток на успешна борба против моќта на „Големата Технологија“.

Обединетото Кралство, кое веќе ги принудува порнографските веб-страници да ги блокираат корисниците под 18 години, внимателно го следи австралискиот пристап кон старосните ограничувања. „Кога станува збор за безбедноста на децата, ништо не е исклучено“, порача портпарол на британската влада.

За да се оцени успехот, австралискиот регулатор задолжен за спроведување на забраната, Комесарот за е-безбедност, ангажираше Универзитетот Стенфорд и 11 академици да ги анализираат податоците за илјадници млади Австралијци опфатени со забраната во следните најмалку две години.

Со исклучок на X на Илон Маск, сите платформи сигнализираа дека ќе се усогласат, но методите се контроверзни:

Проценка на возраста на корисникот преку анализа на неговата онлајн активност, проценка на возраста, Најчесто преку скенирање на селфи и идентификација со документи, Потврдување со прикачени лични документи или поврзани банкарски сметки.

Еден од најгласните противници е Илон Маск, кој остро ја осуди забраната, тврдејќи дека таа „изгледа како заден начин за контрола на пристапот до интернет од страна на сите Австралијци“.

Голем дел од платформите изразија слично незадоволство, предупредувајќи дека законот го нарушува правото на луѓето на слобода на говор. Како кулминација на тензиите, предизвикот пред Високиот суд на Австралија – поднесен од либертаријански државен законодавец – е веќе во тек, што укажува дека правната битка допрва ќе се разгорува.

За компаниите за социјални медиуми, овој закон означува влегување во нова ера на структурна стагнација. Истражувањата покажуваат дека бројот на корисници веќе се израмнува, а времето поминато на платформите се намалува.

Иако технолошките гиганти тврдат дека не остваруваат голем профит од реклами прикажани на лица под 16 години, тие алармираат: забраната го пресекува дотекот на идни корисници. Ова е особено значајно кога ќе се земе предвид фактот дека, непосредно пред стапувањето на сила, 86% од австралиските деца на возраст од 8 до 15 години користеле социјални медиуми.

„Деновите кога социјалните медиуми се гледаа како платформа за нескротливо самоизразување, мислам дека доаѓаат до крај“, изјави Тери Флу, ко-директор на Центарот за вештачка интелигенција, доверба и управување на Универзитетот во Сиднеј.

Иако платформите одговорија на регулаторните закани со воведување минимална возраст од 13 години и дополнителни безбедносни функции, Флу заклучува: „Ако тоа беше структурата на социјалните медиуми во периодот на бумот, не мислам дека би ја воделе оваа дебата“. Тоа сугерира дека индустријата едноставно не направила доволно за да избегне ваква драстична регулација.

Continue Reading

Технологија

Google ја укинува омилената апликација – еве со што ќе биде заменета

Google ќе го укине Google Assistant на повеќето Android уреди почнувајќи од почетокот на следната година, како дел од планот за замена на гласовниот помошник со новата вештачка интелигенција Gemini.

Google Assistant, лансиран во 2016 како конкурент на Apple Siri и Amazon Alexa, ќе биде надграден со Gemini, кој ќе се користи и на таблети, автомобили, слушалки, часовници и паметни куќни уреди. Новиот систем ќе овозможува природно гласовно управување и исти команди како претходниот помошник.

Google исто така претстави Gemini Home AI за паметни куќни уреди, а новиот Google Home Speaker се очекува во пролет 2026. Google Assistant ќе остане активен до март 2026, по што корисниците ќе бидат целосно префрлени на Gemini.

Претходно услугата се викала Bard, но беше ребрендирана во Gemini почетокот на 2024, кој сега покрива и AI модели и домашни уреди.

Continue Reading

Технологија

На ChatGPT и требаат 200 милијарди долари да продолжи со операциите

Според најново истражување на HSBC, OpenAI, сопственикот на ChatGPT, би можел до 2030 година да треба да обезбеди околу 207 милијарди долари за продолжување на своето работење, поради растечките трошоци за компјутерска инфраструктура и глобалната трка во областа на вештачка интелигенција.

Приходите се очекува да достигнат околу 129 милијарди долари, додека трошоците за cloud инфраструктура би можеле да достигнат 800 милијарди долари. ChatGPT би можел да достигне три милијарди редовни корисници, споредено со 800 милиони минатиот месец.

OpenAI во последните три години привлече големи инвестиции, а во октомври стана највредната приватна компанија во светот, проценета на околу 500 милијарди долари. Трошоците за раст се зголемуваат побрзо од приходите, што претставува ризик за компанијата и за технолошките партнери како Microsoft, Amazon и Oracle.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг