Connect with us

Европа

Лавров остро: НАТО мировни сили во Украина? Во никој случај!

Москва нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како мировници под никакви услови, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во разговор со американските блогери Марио Науфал, Лери Џонсон и Ендрју Наполитано, рускиот министер недвосмислено отфрли какви било опции за покренување на таква иницијатива, пренесува ТАСС.

Шефот на руската дипломатија, исто така, рече дека Европа и Велика Британија сакаат конфликтот околу Украина да продолжи и дека според него, „сакаат да ги подигнат влоговите и да подготват нешто што ќе го принуди Вашингтон да преземе агресивна акција против Русија“.

Тој изјави и дека постои можност Украина да ги задржи границите од 1991 година, но без Крим и дел од Донбас, нејзините власти соработувале и спроведувале сопствени иницијативи, односно дека, како што рече, Киев ги почитувал договорите од Минск.

„Секогаш кога мамат, губат. Овој процес продолжува“, нагласи Лавров.

Рускиот министер изрази мислење дека САД сега почнале да се враќаат „во нормала без антихристијански идеи“, откако новиот американски претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата.

„Мислам дека она што сега се случува во Соединетите држави може да се опише како враќање во нормала. Зборуваме за враќање на нормалноста во форма во која се разбираме. Ние сме православни христијани. Нашите вредности се генерално слични“, објасни шефот на руското Министерство за надворешни работи во интервју со американски блогери.

Според неговото мислење, факт е дека на власт дојде нормална администрација која не исповеда антихристијански идеи.

Тој додаде дека интересите на Руската Федерација и САД никогаш нема да бидат идентични и дека не можат „да се поклопат ниту за 50 отсто“, пренесува Танјуг.

Според првиот човек на руското МНР, кога ќе се поклопат интересите, двете страни мора да направат се за да се развијат овие „сличности“, применувајќи ги во пракса, вклучително и економски или инфраструктурни проекти.

Лавров, исто така, нагласи дека еден од заклучоците од неодамнешните разговори меѓу Русија и САД во Ријад е дека кога интересите не се совпаѓаат, земјите мора да направат се за да спречат овие противречности да ескалираат во конфронтација.

Advertisement

Европа

Орбан категорично против заедничко финансирање на Украина: „Нема шанси предлогот да помине“

orban

По пристигнувањето на самитот на Европската Унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го изнесе својот тврд став: Унгарија нема да поддржи финансирање на Украина преку заедничкиот кредит на ЕУ.

„Сметам дека ова прашање е мртво. Можеби ќе се обидат повторно, но нема шанси предлогот да добие мнозинство. За нас, тоа е надвор од дневниот ред“, изјави Орбан, додавајќи дека целата дебата треба да започне одново и да се преиспитаат идните чекори.

Премиерот потсети дека унгарскиот Устав јасно ги ограничува овластувањата на Владата: позајмувањето на пари што создаваат обврска за државата е можно само со одобрение од парламентот. „Јас немам такво овластување и не верувам дека кој било премиер некогаш ќе добие зелено светло од парламентот да ја задолжи Унгарија. Затоа, за Унгарија, патот на финансирање на Украина од заеднички кредит е апсолутно невозможен“, нагласи Орбан.

Во исто време, тој ја потенцираше својата цел на самитот: „Ние сме тука за чекори кон мир, а не кон војна.“

Европската Унија, од своја страна, планира да искористи 210 милијарди евра од замрзнат руски имот како основа за заем за Украина. Без ваква финансиска помош, Украина би можела да остане без средства веќе во вториот квартал од следната година, што би ја ставило во сериозна опасност во конфликтот со Русија – сценарио кое предизвикува загриженост во ЕУ за можна руска агресија врз Унијата.

Continue Reading

Европа

Кошта: Време е Западен Балкан да ја избере Европа

Земјите од Западниот Балкан стојат пред судбоносна одлука: продолжување по патот на старите поделби или храбар исчекор кон заедничка европска иднина. Оваа силна порака ја упати претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан, нагласувајќи дека регионот повеќе нема простор за одлагање и двоумење.

„Покрај сите технички аспекти на процесот, суштината е во еден длабок политички избор – избор помеѓу минатото и иднината, помеѓу поделбите и помирувањето, помеѓу изолацијата и соработката. Токму овие вредности се темелите врз кои е изградена Европската Унија“, порача Коста во официјалното соопштение.

Тој нагласи дека процесот на проширување во моментов се движи со динамика каква што не била видена во последните 15 години и дека регионот мора да ја искористи оваа ретка можност. Проширувањето, подвлече Коста, не е трка меѓу земјите кандидати, туку процес заснован на индивидуални заслуги и реформи.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека проширувањето повторно е на агендата на Унијата. „За првпат по повеќе од една деценија, проширувањето стана реална и опиплива перспектива“, изјави таа, пофалувајќи го „импресивниот напредок“ на Црна Гора и Албанија, кои, според неа, стануваат позитивен пример за целиот регион.

Во своето обраќање, Кошта ги спомена сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Србија, откако нејзиниот претседател Александар Вучиќ одлучи да не присуствува на самитот.

Тој повторно го нагласи забрзаниот напредок на Црна Гора и Албанија и изрази очекување дека Македонија би можела да направи значаен исчекор веќе следната година. За Босна и Херцеговина, Коста оцени дека усвојувањето на реформската агенда оваа година е клучен сигнал и неопходен предуслов за вклучување во Планот за раст, што би ѝ овозможило на земјата целосно да ја искористи поддршката од ЕУ и постепено да се интегрира во европските политики.

Што се однесува до Косово, Коста ги поздрави чекорите за градење доверба меѓу заедниците, истакнувајќи дека претстојните парламентарни избори ќе бидат пресуден момент – не само за зацврстување на реформите, туку и за посериозен и поконструктивен ангажман на европскиот пат.

Continue Reading

Европа

ЕУ ги заострува правилата: Нов режим за депортација на азиланти во трети земји

Европската Унија направи значаен чекор кон построга миграциска политика. Претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент рано утринава постигнаа политички договор за нов сет правила со кои драстично се проширува можноста барателите на азил да бидат упатувани во таканаречени „безбедни трети земји“.

Со договорот им се отвора пат на земјите-членки да депортираат баратели на азил во држави надвор од ЕУ што се сметаат за безбедни – дури и во случаи кога лицата немаат никаква претходна поврзаност со тие земји. Доволно ќе биде да постои договор или друг формален аранжман меѓу конкретната членка на ЕУ и третата земја.

Досега, европските правила бараа барателот на азил да има „тесна врска“ со земјата во која се испраќа, како семејни односи или подолг престој во минатото. Со новите правила, таа обврска се укинува за повеќето случаи, што значи дека луѓето може да бидат испратени во држави во кои никогаш не биле и со кои немаат културни, социјални или семејни врски.

Исклучок остануваат малолетниците без придружба. За нив, условот за постоење реална врска со земјата во која би биле депортирани ќе продолжи да важи, како што бараа земјите-членки.

Иако договорот сè уште треба формално да биде усвоен за да стапи на сила, тоа се смета за чиста процедура, бидејќи преговарачите веќе постигнале компромис, наведува ДПА.

Европскиот парламент го расчисти патот за преговори вчера, откако предлогот доби поддршка од десничарско мнозинство. Клучните гласови „за“ дојдоа од пратениците на десниот центар и од крајната десница.

Прашањето дали е потребна лична или правна врска со „безбедна трета земја“ беше тема и во минатогодишните преговори за реформата на Заедничкиот европски систем за азил (CEAS). Тогаш беше договорено условот да остане, но и да биде преиспитан по одреден временски период.

Данскиот министер за имиграција, Расмус Стоклунд, ја оправда потребата од построги мерки со хуманитарни аргументи. „Илјадници мигранти се дават во Средоземното Море или стануваат жртви на шверцери на луѓе кои се богатат на нивна мака“, изјави тој. „Од суштинско значење е да се справиме со факторите што го поттикнуваат овој нездрав и нехуман систем“, пренесе ДПА.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг