Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Се огласи и Зеленски, за прв пат откако се согласи на прекин на огнот

by
2025/03/12 01:29:13
in Uncategorized
Се огласи и Зеленски, за прв пат откако се согласи на прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД треба да ја убеди Русија да прифати 30-дневен прекин на огнот, како што беше предложено за време на украинско-американските преговори во Саудиска Арабија.

„САД треба да ја убедат Русија да го направи тоа“, рече Зеленски во своето дневно обраќање на социјалните мрежи, додавајќи дека Украина позитивно го гледа предлогот за примирје.

Тој им се заблагодари на американскиот тим за конструктивните разговори во Саудиска Арабија.

Украинскиот претседател рече дека предлогот за прекин на огнот од 30 дена ги покрива сите фронтови, а не само воздухот и морето.

„Американската страна ги разбира нашите аргументи, ги прифаќа нашите предлози и сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за конструктивноста на разговорите помеѓу нашите тимови“, изјави тој на Телеграм.

Зеленски потврди дека Украина го прифатила предлогот за прекин на огнот, додавајќи дека е „спремен да го направи тој чекор“.

„Украина е подготвена за мир. Русија мора да покаже дали е подготвена да ја заврши војната или сака да ја продолжи“, додаде Зеленски.

Потсетуваме, по состанокот во Џеда, претставниците на украинската и американската делегација издадоа заедничко соопштение.

„САД веднаш ќе ја укинат паузата за размената на разузнавачки информации и ќе ја продолжат својата безбедносна помош за Украина“, беше соопштено.

Двете земји, според американскиот Стејт департмент, направија „важни чекори кон обнова на траен мир“ за Украина.

Исто така, тие се согласија да склучат договор за развој на критични рударски ресурси на Украина.

Next Post

Шок во БиХ: Обвинителството нареди приведување на Додик – еве зошто!

ТОА ШТО СДСМ И ДУИ НЕ ГЛАСАА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ Е ДОКАЗ ЗА ТОА ЧИИ ИНСТАЛАЦИИ СЕ ПЕТМИНАТА ЧЛЕНОВИ НА РСС: Милошоски со став

Препорачани Вести

Експертки открија кое масло е најздраво за готвење: Многуми никогаш не го користат

4 months ago
Осум пожари на територија на Република Македонија, четири од нив се уште активни

Состојба со пожарите во Македонија – 15 август 2025

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.