Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ТОА ШТО СДСМ И ДУИ НЕ ГЛАСАА ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ Е ДОКАЗ ЗА ТОА ЧИИ ИНСТАЛАЦИИ СЕ ПЕТМИНАТА ЧЛЕНОВИ НА РСС: Милошоски со став

by
2025/03/12 08:41:24
in Uncategorized

Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се овие петмина членови во РСС: Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и донаторката на СДСМ, Тања Чачарова, смета Антонио Милошоски.

„Кого треба да заштитат ваквите инсталации во правосудството можеше да се види вчера во случајот тежок 168М€ со перење на пари преку канцероген мазут. Иако во оваа мега афера има и еден осомничен кој е во бегство (Васко Ковачевски, СДСМ), сепак синот на пратеникот од ДУИ, кој е еден од двајцата главни актери во случајот “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, откако обвинителот, по нечив налог, во последен момент го изменил предлогот.

Завчера пак, инсталациите на СДСМ и ДУИ во Судскиот совет, одлучиле дека најдобриот избор за в.д. претседател на Врховниот суд е Џемали Саити – судија кој има тесни врски со раководството на ДУИ.

Ова покажува дека борбата за реформи во правосудството ќе биде тешка, а инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе направат се за да остане “како до сега”. Затоа потребна е и поддршка од јавноста, меѓу другото и за поддршка на интерпелацијата како уставен принцип преку кој Собранието им изгласа недоверба на 5те членови на Судскиот совет. После оваа недоверба треба да биде јасно дека тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС.

Истиот ден за судија во Основен суд Гостивар избрана е Љеонора Јакупи, ќерка на бившиот член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети (ДУИ). Пред само 2 години сопругот на Љеонора , зетот од Иџет Мемети, Илир Јакупи беше избран за јавен обвинител во ОЈО во Гостивар, во остото време кога сега осудениот негов дедо беше член на Советот на јавни обвинители.

Затоа борбата за реформи во правосудството нема да биде лесна, а инсталациите на СДСМ и ДУИ грчевито ќе се борат се’ да остане “како до сега”. Нивните пипци во судството и обвинителството се дел од проблемот, но главните упоришта на руинираниот правосуден систем се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Затоа напорите за реформи во овие две битни институции мора да продолжат, за што е потребна и силна поддршка од јавноста.

За почеток треба да се промовира принципот дека уставниот механизам за интерпелација е демократска алатка за борба против непрофесионалното работење на одредени членови на Судскиот совет, како избрани функционери. Бидејќи на секој добар правник му е јасно дека откако Собранието им изгласа недоверба на 5те членови на Судскиот совет (Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова) тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС. Нивните оставки се единствениот демократски потег кој им стои на располагање!“, напиша тој.

Next Post

Гренланд испиша историја: Десничарите на Демократит победија – независност на повидок!

Ако полните iPhone, избегнувајте ја оваа грешка – може скапо да ве чини!

Препорачани Вести

Истрага за пожарот во Кочани: Полицаецот кој не беше достапен за органите за прогонот, денеска сам се пријавил

8 months ago

Берлин распоредува германски војници на источната граница на Полска

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.