Connect with us

Економија

Димитриеска-Кочоска: Итни мерки потребни за справување со нелегалната трговија со тутун и тутунски производи

Published

on

На состанокот на високо ниво, на кој учествуваа министри од регионот, претставници на Светската здравствена организација (СЗО) и Европската унија (ЕУ), министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека податоците за нелегалната трговија со тутун и тутунски производи се алармантни и бараат итни мерки. Според неа, овие податоци укажуваат на сериозна закана за јавното здравје и економијата, поради што е неопходна координација и соработка меѓу земјите во регионот.

„Нелегалната трговија со тутун е сериозен проблем кој поткопува напорите за контрола на употребата на тутун и спречување на здравствениот ризик. Бројките се шокантни – половина од возрасното население користи тутун, а процентот на млади кои го консумираат е исто така загрижувачки. Дополнително, годишно се регистрираат околу 5000 смртни случаи поврзани со конзумирање тутун,“ изјави Димитриеска-Кочоска.

Министерката укажа на тоа дека акцизите и другите давачки поврзани со трговијата со тутун во земјата се меѓу најниските во регионот, што ја поткопува ефективната контрола. Во контекст на овие податоци, таа апелираше за брзи и ефективни мерки кои ќе обезбедат подобра регулација и ќе го намалат нелегалниот пазар на тутунски производи.

„Потребна е итна акција за зголемување на акцизите и засилена контрола на трговијата со тутун. Само со координирани напори можеме да го спречиме ширењето на нелегалната трговија и да ги намалиме здравствените и економските последици,“ додаде Димитриеска-Кочоска.

Министерката ја подвлече важноста на продолжување на соработката со регионалните и меѓународни партнери за да се обезбеди построга контрола и регулација на тутунскиот пазар, со цел да се заштити јавното здравје и да се создадат услови за одржлив економски развој.

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 14.03.2025

Published

on

Скопје, 14 март 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 24.312.923 денари. Индексот МБИ10 остана речиси непроменет со 0,00%, достигнувајќи вредност од 10.323,03 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 124,48 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Денешниот трговски ден се карактеризираше со стабилност на индексите, со незначителни флуктуации кај главните акции. Официјалниот пазар забележа умерен обем на тргување, додека берзанската котација на акции имаше мешани резултати.

Најтргувани акции (по промет)

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 10.730.140 денари, со пораст од 0,46%, достигнувајќи просечна цена од 28.386,62 денари.

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 8.268.460 денари, со пораст од 0,03%, достигнувајќи цена од 27.021,11 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет од 3.570.000 денари, со пад од 0,44%, достигнувајќи просечна цена од 105.000,06 денари.

Добитници и губитници на денот

Најголеми добитници (по процентуален раст)

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пораст од 2,48%, достигнувајќи цена од 2.649,61 денари.

2. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од 0,46%, со последна цена од 28.550,00 денари.

3. Реплек АД Скопје (RPL) – пораст од 0,39%, достигнувајќи цена од 16.300,00 денари.

Најголеми губитници (по процентуален пад)

1. Макстил АД Скопје (STIL) – пад од 2,67%, со последна цена од 146,00 денари.

2. Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 1,60%, со последна цена од 1.850,00 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пад од 0,44%, со последна цена од 105.001,00 денари.

Обврзнички пазар

Тргувањето со обврзници остана стабилно, без значителни промени во цените.

Денешното тргување на 14 март 2025 година покажа стабилност на пазарот, без значителни осцилации на индексите. Стопанска банка АД Скопје беше најголемиот добитник со пораст од 2,48%, додека Макстил АД Скопјезабележа најголем пад од 2,67%.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза од страна на Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading

Економија

Димитриеска Кочоска во интервју за црногорските медиуми: Трошоците кои произлегуваат од употреба на тутун достигнуваат 38 милијарди денари

Published

on

Министерката за финансии на Република Македонија, Гордана Димитриеска Кочоска, учествуваше на министерскиот состанок во организација на Канцеларијата за Светската здравствена организацијаво Црна Гора и даде интервју за реномиранитецрногорски медиуми Стандард, АнтенаМ и Порт Аналитика во кое говореше за предизвиците поврзани со борбата против шверцот на тутун и мерките што се преземаат во Македонија за намалување на употребата на тутунските производи.

„Податоците се застрашувачки: дури 45% од возрасната популација во Македонија користи тутун, а последиците од оваа консумација се поразителни, со повеќе од 5.000 смртни случаи годишно,“ истакна министерката. Дополнително, негативните економски последици од употребата на тутун е значителна, при што трошоците кои произлегуваат од оваа навика достигнуваат 38 милијарди денари годишно.

Во интервјуто, Димитриеска Кочоска истакна дека состојбата со употребата на тутун во Македонија е алармантна и дека се неопходни итни мерки за справување со оваа појава. Таа нагласи дека Владатавеќе работи на неколку стратешки мерки за намалување на употребата на тутун, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и други меѓународни институции.

„Како регион добиваме силна поддршка од Светската здравствена организација во решавањето на овој проблем. Работиме на подигнување на јавната свест за штетноста на тутунот, како и на зајакнување на здравствените капацитети за справување со последиците од неговата употреба,“ изјави министерката.

Министерката наведе дека во Македонија се преземаат повеќе мерки за намалување на употребата на тутунски производи, како: зголемување на акцизите, формирање на министерство за спорт, мониторинг на тутунски производи и други. Дополнително, министерката истакна дека се развиваат стандарди за работа на центрите за одвикнување од пушење, а во завршна фаза е и подготовката на нови водичи за лекарите во примарната здравствена заштита запомош при одвикнување од тутун, како и новоотворена линија за поддршка во рамки на Институтот за јавно здравје.

Според Протоколот за елиминација на недозволената трговија со тутунски производи, целта е процентот на пушачи да се намали на 18 % до 2030 година. Со истиот се предвидува следење на движењето на тутунот на меѓународно ниво и засилена соработка меѓу државите во регионот.

„Имплементацијата на мерките треба да даде резултати на долг рок. Нашата цел е до 2030 година процентот на употреба на тутун да падне на 18%.“изјави Димитриеска-Кочоска.

Во текот на 2024 година, Царина спречи 10 случаи на шверц на тутун, 50 случаи на цигари, 3 случаи со електронски цигари и кертриџи и еден случај поврзан со СНУС.

Фотографии од портали

 

Портал: AntenaM

 

Портал: Port Analitika

 

Портал: Standard

 

 

 

 

 

Continue Reading

Економија

ЕВН годишно ЗАРАБОТУВА 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПАУШАЛНОТО ОТЧИТУВАЊЕ, тврдат инженерите

Published

on

Да се изменат Правилата за снабдување со електрична енергија и да се воведе месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција или во случај кога броилото не е отчитано, ЕВН да издава фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а откако ќе се изврши реално отчитување, потрошувачот да добие коригирана фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.

Ова го бара Здружението на инженери во претставка до Регулаторната комисија за енергетика во кој тврди дека паушалното одредување на потрошувачката на струја е неправедно и може да ги внесе потрошувачите во повисок блок кој повлекува и повисок износ на сметката.

„Со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изврши измена на Правилата за снабдување со електрична енергија, предвидувајќи квартално наместо годишно отчитување на броилата. Ваквата одлука доведува до неправедно пресметување на сметките, бидејќи паушалното одредување на потрошувачката може да ги внесе корисниците во повисоки ценовни блокови, со што нивните сметки неоправдано се зголемуваат, овозможувајќи дополнителна заработувачка на ЕВН“, се наведува во образложението на барањата.

Здружението на инженери тврди дека паушалното одредување на потрошувачката и внесувањето на корисниците во повисоки ценовни блокови при само ±10% пречекорување на блоковите на годишно ниво може да предизвика значителни разлики во наплатата во однос на реалната потрошувачка

„170 денари за потрошувачи во првиот ценовен блок, 830 денари за потрошувачи во вториот ценовен блок и 8.080 денари за потрошувачи во третиот ценовен блок“ се објаснува во образложението на барањата.

Инженерите велат тоа на годишно ниво ѝ носи приход на ЕВН од 2 милиони евра.

„Во услови кога според пописот, во државата има 598.632 домаќинства, а ЕВН има 915.492 броила и ако 80% од домаќинствата најчесто имаат сметки во рамките на вториот ценовен блок, водејќи се од објавата на ЕВН дека само кај 15% од броилата се врши паушално одредување на потрошувачката, тогаш годишната дополнителна неоправдана заработувачка на ЕВН може да изнесува приближно 2.000.000 евра (износот може да биде многу поголем или помал, но секако е неоправдан)“, се наведува во претставката.

Здружението на инженери, како што велат оттаму, верува дека  на овој начин, ќе се спречат неправедните наплати и ќе се елиминира дополнителната неоправдана заработувачка на ЕВН.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк