Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Еве колкава ќе биде минималната плата во април доколку нема поинаков договор меѓу работниците и работодавците

by Уредник
13.03.2025
in Uncategorized
Еве колкава ќе биде минималната плата во април доколку нема поинаков договор меѓу работниците и работодавците

Владата ќе поддржи договор помеѓу работодавачите и работниците во врска со минималната плата, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој додаде дека во втората половина на март може да се одржи нов состанок на Економско-социјалниот совет.

„И секој оној договор, којшто тие ќе го постигнат, ние како Влада ќе го поддржиме. Предлогот, којшто го слушнав од еден од претставниците на работниците, конкретно претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, се разликува од оној предлог од пред неколку месеци, кога оваа Влада беше избрана како Влада. Не почекаа ниту една недела да биде избрана и излегоа со предлогот 400 евра минимална плата. Сега кога видоа дека законски ќе дојдеме до 400 евра се бара минимална плата од 500 евра. Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1.000, можеби треба 2.000 и тука немам никаква дилема. Јас апсолутно сум работник, како и сите други работници и сакам сите ние да имаме поголеми плати“, изјави Мицкоски.

Тој исто така потсети дека Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка инсистирале на зголемување на старосната граница за пензионирање, но Владата реши да ги заштити правата на работниците и граѓаните.

„Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка бараа зголемување на прагот на данокот на додена вредност. Ние одлучивме да го штитиме стандардот на граѓаните и да застанеме во одбрана на стандардот на граѓаните. Влеговме во безмилосна борба со оние коишто се богатат на грбот на граѓаните, трговците, дистрибутерите, трговските ланци, каде што ги ограничивме маржите и на дистрибутивната маржа и на маржата во малопродажба“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Владата обезбедила 250 милиони евра за поддршка на стопанството, со најповолен кредит во Европа со каматна стапка од 1,95%, за да се зачуваат постоечките работни места и да се создадат нови.

„Мене ме радува фактот што од тие 250 милиони, според информациите што ги добивам, проектите кои нашето стопанство ги генерираат веќе достигнуваат половина милијарда евра и наместо 5.000 нови работни места, веќе сме до 10.000 нови работни места. Во јануари имаме раст од 5% на извозот, во 2024 ќе бидеме држава со најголем број странски инвестиции по глава на жител на Балканот и меѓу трите на Европскиот континент“, изјави Мицкоски.

Тој исто така нагласи дека во јануари годинава биле постигнати 8,5% поголеми приходи, додека расходите во буџетот биле намалени за 3,5%. Дополнително, кредитирањето пораснало за 11,7%, а растот на индустријата бил 13%.

„Двоцифрен раст од којшто 13% е за индустријата, а сè уште не почнале да се користат унгарските средства… Ние како Влада ќе сториме сè да обезбедиме вистински услови за водење бизнис, а тоа подразбира чесна работа, борба против криминалот и корупцијата е сè што е во интерес на граѓаните, согласно законот и Уставот. Да сумирам, тоа што ќе го договорат работниците и работодавачите, ние ќе го почитуваме. Во меѓувреме имаме јасен закон и ќе постапиме согласно законот“, изјави Мицкоски.

Прашан дали минималната плата од април ќе изнесува 400 евра, Мицкоски потврди дека ако нема поинаков договор меѓу работниците и работодавачите, според законот таа ќе биде околу 24.400 денари.

Next Post

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 13.03.2025

Препорачани Вести

Двајца американски војници убиени во напад во Сирија, Пентагон најави жесток одговор

1 month ago

Меџити: Вистински промени за Гостивар и Врапчиште со Невзат Бејта и Зулхајрат Демир

1 week ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.