Connect with us

Македонија

„Партиски измеќар, а на слики му седат на ушка“ – Премиерот со профил на обвинителот кој го прати Јахоски во куќниот притвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека 95 проценти од судиите чесно работат, но и дека има и такви кои останале партиски измеќари и се слуги на тие кои ги предложиле. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за реформите во правосудството, рече дека последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите, меѓу кои е јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

  • Најголемиот дел, би рекол 95 проценти од судиите се луѓе коишто чесно си ја работат својата работа, кои што обвинуваат според закон и Устав, судат според закон и Устав. Но, за жал има и такви коишто останаа да бидат партиски измеќари и коишто ценат дека кога ќе ја облечат токата, наместо да заборават на партиските привлегии и оние кои што ги предложиле, тие сѐ уште се верни слуги на истите коишто на времето, бидејќи такви се законите и процедурите, ги предложиле да бидат таму каде што се“, рече Мицкоски.

Премиерот повторно го потенцира, како што кажа, однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена, којшто „одлучи наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата, да биде верен слуга и измеќар на една партија која што беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада“. Мицкоски не го кажа неговото име, но рече дека новинарите точно знаат за кого станува збор.

  • Јас сум сигурен дека вие новинарите точно знаете за кое име станува збор и очекувам тоа да биде во насловите на вашите соопштенија. На тој што му стоеја на ушка, на една слика“, истакна Мицкоски.

Запрашан за тоа дали се зборувало за можни нови членови на Судскиот совет, премиерот нагласи дека не се дискутирало.

  • Ние не влеговме во ова затоа што имаме однапред спремено тефтерчиња во коишто се наоѓаат имиња, како тие што беа во Речица и на „Бихаќка“. Ние влеговме од принципиелни причини бидејќи вие граѓаните им дадовте доверба помала два проценти, а и последните случувања за избор на вршител на должноста Претседател на Врховниот суд, името коешто е избрано, е дополнителен мотив овие членови на Судскиот совет да бидат разрешени“, додаде Мицкоски, кој беше на настан во Центарот за обука на полицијата.

Власта веќе подолго време алармира дека потребни се итни реформи за независно судство, а коренот на сите проблеми е во судскиот и обвинителскиот совет.

Advertisement

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг