Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Партиски измеќар, а на слики му седат на ушка“ – Премиерот со профил на обвинителот кој го прати Јахоски во куќниот притвор

by
2025/03/13 22:02:16
in Uncategorized

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека 95 проценти од судиите чесно работат, но и дека има и такви кои останале партиски измеќари и се слуги на тие кои ги предложиле. Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за реформите во правосудството, рече дека последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите, меѓу кои е јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

  • „Најголемиот дел, би рекол 95 проценти од судиите се луѓе коишто чесно си ја работат својата работа, кои што обвинуваат според закон и Устав, судат според закон и Устав. Но, за жал има и такви коишто останаа да бидат партиски измеќари и коишто ценат дека кога ќе ја облечат токата, наместо да заборават на партиските привлегии и оние кои што ги предложиле, тие сѐ уште се верни слуги на истите коишто на времето, бидејќи такви се законите и процедурите, ги предложиле да бидат таму каде што се“, рече Мицкоски.

Премиерот повторно го потенцира, како што кажа, однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена, којшто „одлучи наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата, да биде верен слуга и измеќар на една партија која што беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада“. Мицкоски не го кажа неговото име, но рече дека новинарите точно знаат за кого станува збор.

  • „Јас сум сигурен дека вие новинарите точно знаете за кое име станува збор и очекувам тоа да биде во насловите на вашите соопштенија. На тој што му стоеја на ушка, на една слика“, истакна Мицкоски.

Запрашан за тоа дали се зборувало за можни нови членови на Судскиот совет, премиерот нагласи дека не се дискутирало.

  • „Ние не влеговме во ова затоа што имаме однапред спремено тефтерчиња во коишто се наоѓаат имиња, како тие што беа во Речица и на „Бихаќка“. Ние влеговме од принципиелни причини бидејќи вие граѓаните им дадовте доверба помала два проценти, а и последните случувања за избор на вршител на должноста Претседател на Врховниот суд, името коешто е избрано, е дополнителен мотив овие членови на Судскиот совет да бидат разрешени“, додаде Мицкоски, кој беше на настан во Центарот за обука на полицијата.

Власта веќе подолго време алармира дека потребни се итни реформи за независно судство, а коренот на сите проблеми е во судскиот и обвинителскиот совет.

Next Post

Коњановски: Заедничка акција за создавање безбедни училишта без насилство

Даути: Мицкоски ја македонизира државата на сите нивоа, а кој ќе се занимава со поплаките на Албанците, ако Трамп се сврти на други области?!

Препорачани Вести

Чешка ја забранува комунистичката пропаганда

Чешка ја забранува комунистичката пропаганда

4 months ago

Примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија – МВР со детали

2 weeks ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.