Connect with us

Магазин

Разведен маж советува: Внимавајте на овие работи

Не би очекувале дека разведен маж ќе ги даде добрите совети за тоа како треба да изгледа добриот маж, но овој маж кој поминал низ доволно тешкотии знае дека е вредно да се борите за се.

Ова се неколку негови совети за брак, кои би посакал некој порано да му ги каже:

“Очигледно не сум експерт за врска. Но постои нешто во врска со мојот развод кој се финализира оваа недела што ми дава перспектива на работите за кои не би сакал поинаку да постапев. Откако ја изгубив жената која ја сакав и бев во брак со неа речиси 16 години, за мене постојат неколку совети кои сакав некој порано да ми ги кажеше:”

1. Никогаш не престанувај да се додворуваш. Никогаш немој да престанеш да излегуваш на состаноци. Никогаш не ја земај таа жена здраво за готово. Кога си ја прашал дали ќе се омажи за тебе, си ветил дека ти ќе бидеш оној маж кој ќе владее со нејзиното срце и жешстоко ќе го штитиш. Ова е најважното и најсветото богатсво кое некогаш ќе ви биде доверено. Таа те избрала тебе. Никогаш немој тоа да го заборавиш, и никогаш немој да бидеш мрзелив во љубовта.

2. Штитете го своето срце. Како што си ветил дека ќе бидеш заштитник на нејзиното срце, мораш да го чуваш и своето со исто внимание и претпазливост. Сакате се целосно, сакајте го светот отворено, но постои посебно место во твоето срце каде што не смее да влезе никој освен твојата жена. Држете го тоа место секогаш подготвено да ја примите и повикате внатре, и одбиете да допуштите на некоја друга да го превземе нејзиниот трон.

3. Заљубувајте се повторно и повторно и повторно. Посстојат ќе се менувате. Ти не си истата личност кога сте се венчале и за пет години нема да бидеш истата личност која си денес. Ниту пак она. Промената ќе дојде и во тоа морате повторно да се изберете еден со друг, и така секојдневно, секој ден. Таа не мора да остане со вас, и доколку не се грижите за нејзиното срце, таа може своето срце да му го даде на некој друг или целосно да го затвори,со што повеќе нкогаш нема да го добиете назад. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов така што ќе изгледа како да се додворувате.

4. Секогаш гледајте го она најдоброто во неа. Фокусирајте се само на она што го сакате. Она на што ќе се фокусирате, ќе стане посилно. Доколку се насочите кон она што ви смета, само ќе гледате причини поради кои личноста или вашата жена ќе ви стане одбивна. Доколку се фокусирате на она што го сакате, ќе бидете зафатени со љубов, немајќи време да размислувате за сопствените и нејзините мани. Фокусирајте се на тоа да повеќе не гледате ништо повеќе освен љубов и ќе знаете дека без сомнение се најсреќниот маж на светот бидејќи ја имате таа жена за своја сопруга.

5. Вашата работа не е да менувате или поправате, нашата работа е да ја сакате онаква каква што е, без очекувања дека некогаш ќе се промени. И доколку се промени, сакајте го она што ќе стане, без разлика дали сте го сакале тоа или не.

6. Превземете ја целосната одговорност за своите емоции. Работа на вашата жена не е да ве прави среќни или тажни. Вие сте одговорни за пронаоѓање на сопствената среќа и низ вашата радост ќе ја пренесете на вашата врска или љубов.

7. Никогаш немојте да ја обвините својата жена доколку сте исфрустрирани или лути на неа, тоа се случува бидејќи настанало нешто во вас. Тоа се вашите емоции и вашата одговнорст. Кога ќе ги почувствувате тие емоции, земете малку време и вратете се во сегашноста и погледнете во вашата внатрешност, се со цел да сфатите што навистина треба да биде излечено.

8. Бидете блесави, не бидете толку сериозни. Смејте се. Насмејте ја и неа. Насмевката ги прави работите многу поедноставни

9. Секојдневно исполнувајте ја нејзината душа. Научете го нејзиниот љубовен јазик и специфични начини со што таа ќе се чувствува важна и убава. Прашајте ја да направи попис од 10 работи поради кои се чувствува сакана и запамтете ги сите работи, и нека тоа ви биде приорите секој ден таа да се чувствува како кралица.

10. Бидете присутни. Освен своето време, дајте и го и своето внимание и вашата душа. Направете се што е потребно да си ги расчистите мислите во својата глава, така што кога ќе бидете со неа – да биете целосно со неа, и физички и психички. Однесувајте се кон неа како вашата најдрагоцена личност на светот. Што всушност и е.

Advertisement

Магазин

Ајде сите да гласаме за македонскиот филм „Приказната за Силјан“ кој е во трка за престижна Audience Choice награда

Документарниот филм на Тамара Котевска, „Приказната за Силјан“, се наоѓа во конкуренција за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарно кино. Филмот веќе ја обезбеди номинацијата во првиот круг на гласањето, а вториот круг започна денес, со публиката како клучен фактор за изборот на победникот.

„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји. Тимот на Котевска апелира до публиката да ја поддржи Македонија и да ги даде своите гласови за овој филм, истакнувајќи дека секој глас може да има значително влијание врз неговата иднина на светската сцена.

Audience Choice Prize го избира документарниот филм кој најмногу ја освојува светската публика и често претставува предвесник за влез во потесниот избор за Оскар. Гласањето се затвора на 16 декември 2025 во 02:00 часот, а резултатите за тоа дали филмот ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе бидат објавени истата вечер во 22:00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

За да се поддржи македонскиот претставник, гласовите можат да се дадат преку следниот линк: Cinema Eye Honors Audience Choice Voting.

Continue Reading

Магазин

Зимскиот притисок на гумите е клучен за безбедност на патот

Со доаѓањето на студените месеци, многумина возачи се фокусираат на замена на зимски гуми, но забораваат на еден од најважните аспекти – правилниот притисок во гумите. На ниски температури, воздухот во гумите се стеснува, што значително го намалува притисокот и влијае на стабилноста, сопирањето и потрошувачката на гориво.

За секои 10 степени пад на температурата, притисокот во гумите паѓа за околу 0,1 до 0,2 бари. На пример, ако есенскиот притисок бил 2,2 бари, при -5 степени истиот може да падне на 1,8–2,0 бари, што ја прави гумата помека и помалку стабилна.

Експертите советуваат во зима да се додава околу 0,2 бари над препорачаната вредност наведена од производителот на возилото. На пример, ако препораката е 2,2 бари, зимскиот притисок треба да биде околу 2,4 бари.

Пренискиот притисок води до полошо држење на патот, подолго растојание на запирање, зголемена потрошувачка на гориво и побрзо трошење на гумите, додека пренадуваните гуми ја намалуваат контактната површина и го зголемуваат ризикот од лизгање.

Стручњаците препорачуваат притисокот да се проверува најмалку еднаш месечно, а најдобро е кога гумите се ладни – три часа по возење или кратко по неколку километри. Со правилно надуени гуми, автомобилот ќе биде постабилен, побезбеден и поефикасен во зимски услови.

Continue Reading

Магазин

Џеф Безос и сопругата донираат 88 милиони евра за бездомниците

Џеф Безос и неговата сопруга Лорен објавија дека ќе донираат 102,5 милиони долари (околу 88 милиони евра) на 32 непрофитни организации низ САД кои работат со бездомници. Средствата ќе бидат исплатени преку Фондот за семејства „Деј еден ден“, кој Безос го основа во 2018 година.

„Можеме да дадеме повеќе од 100 милиони долари оваа година, тоа значи многу за бездомниците“, изјави Лорен за време на гостувањето во емисијата „Добро утро, Америка“. Таа додаде дека донациите ќе им помогнат на семејствата „да се движат во вистинската насока“ и дека ова е само почеток на нивната филантропска активност.

Лорен и Џеф се венчаа во јуни во Венеција, на свадба на која присуствуваа стотици познати личности, вклучувајќи го семејството Кардашијан-Џенер, Опра Винфри и Бил Гејтс. Двојката се запозна во 2019 година, а Безос ѝ предложи брак во 2023 година.

„Среќна сум што го поминувам животот со мојата најдобра пријателка, некој што ме гледа, некој што ме обожава, некој што го обожавам. Се чувствувам безбедно. Се чувствувам видено. Тој ми дозволува да бидам јас“, изјави Лорен пред свадбата за Vogue.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг