Connect with us

Балкан

Белград денес и утре е центар на светот: Погледнете што се случува таму во моментов (ВИДЕО)

Published

on

Групи студенти и активисти од различни градови во Србија вечерва пристигнуваат во главниот град, Белград, по неколкудневно пешачење од повеќе места низ земјата. Тие ќе учествуваат на протестот што е закажан за утре, а белградските студенти кои веќе се на блокадите, им организираа пречек на Теразије.

Првите кои пристигнаа беа студенти велосипедисти, кои беа пречекани од студенти од Белград, кои дојдоа од различни правци, скандирајќи и свирејќи со вувузели и тапани, заедно со групи граѓани. Во тој дел на градот, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата се проширува и на плоштадот Никола Пашиќ.

Црвен тепих е поставен за студентите кои пристигнуваат во Белград, а на програмата е и хорски настап. За нив се поставени шатори и угостителски пунктови на Плоштадот на Републиката, каде ќе бидат сместени.

Нема присуство на полиција во униформи, што ја прави атмосферата во Белград помирна и организирана. Студентите доаѓаат од различни градови во Србија, вклучувајќи Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Ваљево и Лозница. Тие ќе бидат сместени во студентските домови, како и во некои средни училишта во Белград.

Студентите кои ги блокираат факултетите за утре закажаа протест пред Домот на Народното собрание, барајќи исполнување на четирите барања што ги поставија, за кои тврдат дека се уште не се исполнети, и покрај напорите на надлежните институции.

Погледнете го видеото

Балкан

Српските лекари пожртвувани за повредените од Кочани: Секој миг е важен во акцијата на хуманост (ФОТО)

Published

on

Денес во Белград пристигнаа уште 12 пациенти од Македонија, кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Авион со пациентите слета попладнево на аеродромот во Батајница, каде што беше организиран брз и координиран транспорт до здравствените установи.

Тимови на Брзата помош ги пречекаа повредените и веднаш ги пренесоа до болниците, со цел да им биде обезбедена што поитно неопходната медицинска грижа.

Во Ургентниот центар, медицинските екипи беа подготвени за прием и веднаш им пружија соодветна нега на пациентите. Посветеноста и професионалноста на српските здравствени работници уште еднаш дојдоа до израз, обезбедувајќи брза и ефикасна реакција во духот на медицинската солидарност.

Continue Reading

Балкан

Грчкото воено воздухопловство извршува медицинска евакуација на тројца повредени од трагедијата во Кочани

Published

on

По големата трагедија во Кочани, грчкото воено воздухопловство (Hellenic Air Force) со транспортен авион C-27 Spartan извршува медицинска евакуација на тројца пациенти во критична состојба. Повредените ќе бидат пренесени во Воената болница 401 во Атина, каде што ќе добијат соодветен медицински третман.

Во овие тешки моменти, Грција изрази солидарност со Северна Македонија, испраќајќи помош за спасување на животите на тешко повредените. Нашите мисли и молитви се со нив и нивните семејства.

Continue Reading

Балкан

Претседателот Вучиќ ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани: „За нас е трагедија како да се случило тука“

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја посети групата повредени во пожарот што се случи во Кочани.

„За нас, трагедијата во Кочани е како да се случила тука. Верувам дека ќе успееме да им помогнеме на овие луѓе кои пристигнаа со сериозни повреди. На располагање им стоиме на нашите браќа и пријатели Македонци и сме подготвени да примиме повеќе пациенти, бидејќи имаме најсовремени опремени болници“, изјави Вучиќ.

„Нема да им биде лесно на македонскиот народ, но ние секогаш ќе бидеме со нив, како што тие беа со нас“, додаде тој.

Претседателот Вучиќ ја изрази својата подготвеност да помогне во оваа трагична ситуација и да им обезбеди поддршка на повредените.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк