Connect with us

Црна Хроника

Физички напад во Тетово: Маж нападнат на крстосница

Published

on

На 13.03.2025 во 23.55 часот во СВР Тетово, Е.А.(30) од Тетово пријавил дека на крстосница помеѓу улица „Благоја Тоска“ и улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово бил физички нападнат  од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црна Хроника

Ужасна несреќа вечерва во Ѓорче: Возачот во тешка состојба, возилото распарчено на пола (ВИДЕО)

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров, кај комплексот „Александрија“. Учествувале три возила, од кои два автомобили и еден мотоцикл.

Очевидци за „Скопје1“ дека возачот на моторот бил во тешка состојба по несреќата. Мотоцикл, пак, од силината на ударот е поделен на два дела.

На лице место дошла Брза помош, а лицето веднаш било пренесено во болница, откако му била укажана прва помош. Засега не е позната состојбата на другите двајца возачи и евентуални сопатници.

„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваат одговор во наредните часови.

Местото го обезбедува полиција, а улицата е затворена за сообраќај.

Погледнете го видеото

Skopje1.mk

Continue Reading

Црна Хроника

Закани кон инспектор: Полицијата уапси 40-годишен скопјанец

Published

on

Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и со тврд предмет упатувал закани на ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Црна Хроника

Измама преку социјална мрежа: Тетовчанец изгубил 12.000 денари за лажна нарачка

Published

on

pari

На 13.03.2025 година во 12.10 часот во Полициското одделение Жеровјане, 33-годишник од тетовско село пријавил дека преку социјална мрежа бил измамен од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, на 13.02.2025 од лицето нарачал два GPS уреди за неговите ловечки кучиња, но преку брза пошта му стигнал различен производ, по што лицето му кажало да го врати во пошта и дека ќе му биде испратено нарачаното. Како што е пријавено, до моментот на пријавувањето не добил ништо и лицето не му одговарало на пораките и повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк