Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Морбиден случај од Берово – Погребално претпријатие откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на буниште

by Уредник
14.03.2025
in Uncategorized
Морбиден случај од Берово – Погребално претпријатие откопувало гробови, а човечките остатоци ги фрлало на буниште

Невообиечана пријава стигнала завчера до полицијата во Берово, која открива морбиден начин на третирање на гробовите и човечките остатоци.

На 12.03.2025 во 17.15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово.

-Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад. По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација, соопшти СВР Штип.

Подоцна бил направен увид на местото по овластување на Јавен обвинител. Излезено е на увид на гробиштата во с.Смојмирово и на удолницата на јужната страна, каде биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

MMS.mk

Next Post

Тинејџерка од Скопје под закани од поранешно момче – полицијата интервенирала!

Крај на ерата: Најголемиот европски индустриски гигант објави банкрот!

Препорачани Вести

Белград вечерва во знак на протест „Сите сме под надстрешницата“

5 months ago
Уапсени три лица во кривопаланечко, убиле старец па го закопале во близина на неговата куќа

СКОПЈЕ: Напад во основно училиште: Вработена повредена со фрлен стол

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.