Connect with us

Европа

Орбан: Унгарија притиска за прием во ЕУ на државите од Западен Балкан

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека неговата земја е водечка сила која притиска за прием на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

„Србија, Црна Гора и Северна Македонија утре би можеле да се приклучат на ЕУ, што ќе донесе огромни економски придобивки за сите страни. Брисел ги игнорира, наместо тоа и дава приоритет на Украина. Ова не само што е непромислено, туку и опасно. Ние нема да се залагаме за тоа!“, вели Орбан.

Според Орбан приемот на земјите од Западен Балкан ќе донесе „вонредни економски придобивки за Унгарија“.

Европа

Неочекуван пресврт: НАТО ја трга Украина од агендата, Руте за нормализирање на односите со Русија

Published

on

Генералниот секретар на НАТО исто така смета дека односите со Русија би требало да се нормализираат откако ќе сопре огнот на фронтот во Украина. Во интервјуто тој рече дека пристапувањето на Украина во НАТО повеќе не е на дневен ред.

Пристапувањето на Украина во НАТО повеќе не е на дневен ред, изјави генералниот секретар на алијансата Марк Руте во интервју за Блумберг.

– Да – рече Руте како одговор на прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп навистина го отстранува прашањето за пристапување на Украина во алијансата.

Руте исто така смета дека односите меѓу НАТО и Русија би требало да се нормализираат откако ќе сопре огнот на фронтот во Украина.

– Нормално е војната некако да сопре за Европа, чекор по чекор, исто така и за САД, чекор по чекор, за да се вратат добрите односи со Русија.

Сепак, генсекот на НАТО смета дека работите уште не стигнале до таа точка и дека затоа „треба да го одржиме притисокот за да се осигураме дека Русија сериозно ќе ги сфати мировните преговори“.

Американскиот претседател Доналд Трамп на крајот на февруари на средба со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Украина нема да влезе во НАТО.

Трамп претходно изјави дека Украина „може да заборави“ на изгледите за членство во НАТО. Според него, желбата на Украина да се приклучи на алијансата беше она што доведе до воен конфликт.

Continue Reading

Европа

Орбан побара ИТЕН ПРИЕМ на Македонија, Србија и Црна Гора во ЕУ

Published

on

Орбан повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ бидејќи, според неговите зборови, тоа ќе ја уништи унгарската економија. Наместо да ја прима Украина, унгарскиот премиер се залага Унијата да овозможи побрз пристап за земјите од Западен Балкан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување на Украина кон Унијата, пренесе „Јуроњуз“.

– Србија би можела да биде примена во Европската унија уште утри и тоа нема никому да наштети. Напротив, ќе донесе големи економски придобивки за целата Европска унија, а особено за Унгарија, бидејќи ние сме ѝ соседна земја. Македонија и Црна Гора исто така треба да бидат примени, уште утре. Ова ќе донесе исклучителни економски придобивки за Унгарија – изјави Орбан.

Според него, земјите од Западен Балкан не можат да се споредат со „уништената Украина, која само зема пари, а не носи ништо“ во однос на нивниот степен на развој, системот на функционирање на државата и перспективите.

Continue Reading

Европа

Укрaинците ги украле и парите што Хилари Клитон им ги дала за да го подмитат Вселенскиот патријарх!?

Published

on

Поранешниот офицер на ЦИА Џон Киријаку изјави во интервју со американскиот блогер Џулијан Дори изјави дека патријархот Вартоломеј добил пари за создавање на Православната црква на Украина (ПЦУ).

Според него, Цариградскиот патријарх сметал дека тоа не е најдобрата идеја.

– Хилари наводно рекла: Дали 20 милиони ќе помогнат да се донесе одлука? ‘. Па, Грчката православна црква е под власт на нео-османлиските Турци, па рече: „Да, би можеле да искористиме 20 милиони“. Таа рече: „Мораме да ви ги пренесеме преку украинските банки“. „Добро е“, раскажува Киријаку за разговорот што наводно се водел меѓу Клинтон и патријархот Вартоломеј.

Според него, „Стејт департментот префрла 20 милиони, веројатно преку УСАИД, на некоја украинска банка“. „Украинците го прават она што обично го прават зад затворени врати во украинските банки и испраќаат 15 милиони на патријархот.

Тој вели: „Чекај, каде се другите 5? Треба да биде 20, каде се 5-те, а Стејт департментот вели: „Ох, ние не знаеме ништо за тоа. Сè што знаеме е дека плативме. Значи, сега треба да ја прогласите независноста на Украинската православна црква“, изјави Џон Киријаку.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк