Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Примирјето неизвесно? Трамп откри што побарал од рускиот претседател

by Уредник
14.03.2025
in Uncategorized
Примирјето неизвесно? Трамп откри што побарал од рускиот претседател

Еден месец по првиот телефонски разговор, американскиот претседател Доналд Трамп откри дека имал и втор контакт со рускиот претседател Владимир Путин.

Според Трамп, разговорот бил продуктивен и добар, а тој истакнал дека постојат шанси за ставање крај на војната. Меѓутоа, како што наведе на социјалните мрежи, од Путин категорично побарал да се поштедат илјадници украински војници, за да се спречи катастрофален масакр. Трамп не ги наведе точните локации каде што се тие опколени, но проценките сугерираат дека станува збор за регионот на Курск, каде што руската војска започна офанзива.

„Во овој момент, илјадници украински војници се целосно опколени од руската војска и се наоѓаат во многу тешка ситуација. Јас категорично побарав од претседателот Путин да ги поштеди нивните животи. Тоа би било ужасен масакр, каков што не сме го виделе од Втората светска војна“, напиша Трамп.

Рускиот претседател Путин, пак, на вчерашната прес-конференција ги предупреди украинските војници да се предадат или да се соочат со смрт. Путин исто така посочи дека го поддржува 30-дневното примирје, договорено меѓу претставниците на Вашингтон и Киев во Саудиска Арабија, но со предуслови, особено за мировниците кои ќе го следат примирјето.

„Ситуацијата во Курск е целосно под наша контрола. Групата која изврши инвазија на нашата земја е во изолација. Тие се целосно опколени и под огнена контрола. Ако физичката блокада се случи во следните неколку дена, ќе имаат само две опции – да се предадат или да загинат“, изјави Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека рускиот претседател се сретнал со специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, кој му пренел порака од Трамп. Песков истакна дека кај руските власти постои претпазлив оптимизам, а според него, двете страни имаат разбирање дека се потребни директни разговори меѓу двајцата претседатели. Посетата на Виткоф во Москва следува по средбите на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија.

Советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Валц, кој беше дел од преговорите во Џеда, за прв пат откри дека на маса се ставени и територијални отстапки.

„Украинската делегација беше многу отворена, имавме одлични разговори. Во еден момент дури отворивме мапа и почнавме да цртаме како да ја завршиме војната“, изјави Валц.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, истакна дека нема намера никогаш да ги признае окупираните делови од Русија. Според него, иако САД и Украина се договорија за 30-дневно примирје, Москва намерно ја одолговлекува одлуката, бидејќи не сака да му соопшти на Трамп дека има намера да ја продолжи војната. Како што додаде Зеленски, Путин разгледува идеја за прекин на огнот со предуслови кои нема да бидат прифатливи за никого.

Next Post
МВР веќе го спровело Јахоски во Истражниот затвор Скопје, притворот е на 30 денови

МВР веќе го спровело Јахоски во Истражниот затвор Скопје, притворот е на 30 денови

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Препорачани Вести

Кина на пат да стане најголемата христијанска земја во светот

1 month ago

Спасувачка акција на Охридското Езеро: Четири лица избегнаа трагедија по оштетување на едрилица!

7 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.