На 13 март 2025 година, во 19:34 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците Благој Илиев Гуне и Страшко Симонов се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило пасат со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ. (38) од Куманово, и возило голф, сопственост на Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот Љ.Љ., неговиот сопатник Б.А. (45), како и четворица полициски службеници кои се наоѓале во возилото на МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.








![Турист скокна од Стариот мост во Мостар – за малку избегна трагедија, па беше физички нападнат [ВИДЕО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-28-130614.png)

