Connect with us

Македонија

Шокантно: Дали канцерогениот мазут од ТЕЦ Неготино завршил и на други локации?!

ВМРО ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски обвинуваат дека во случајот „Мазут за ТЕЦ Неготино“ се увезувало канцерогено гориво кое завршило во електраната. Засега нема подетални и потврдени информации од институции колку и каков недозволен мазут бил увезен. Ваквата недореченост, во моментов остава сомнеж во јавноста дека фирмата Пуцко Петрол на Асмир Јахоски кој е еден од осомничените, увезува ваков мазут и секојдневно го продава на институции.

Од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈО ГООК) велат дека Јахоски се товари само за перење на пари, додека Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски кои се сопственици на фирмата РКМ, се товарат за поднесување на лажни документи и неиспорачување на договорените обврски со што му нанеле штета на државниот буџет од 167,5 милиони евра.

Инаку, сомнежите за криминал во тендерот за набавка на мазутот беа објавени уште во март, 2022 година од страна на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

„Во суштина, истражувањето почна кога видовме кои компанија ги навел Капушевски, кога аплицирал и се договарал во четири очи како неговиот добавувачи. Ги прашавме сите, стануваше збор за реномирани компании како ИНА од Хрватска, ОМВ од Австрија, кои потврдија дека никогаш не соработувале со Ратко Капушевски, ниту го знаат. Тоа ни отвори ново сомнеж да видиме од кај ќе го набави мазутот, со оглед на тоа што ниту една од македонските големи компании  кои работат со мазут не се пријавија.“, додава Бојан Стојаноски.

Капушевски и неговата фирма РКМ имаат историја за увоз на токсично гориво. Во документарецот „Заговор против воздухот“ на ИРЛ, кој не е поврзан со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино беше докажано дека Капушевски се обидувал да увезе масло, кое смее како гориво да се користи само на бродови кои пловат на отворено море, поради неговата отровност за животната средина.

„Во два наврати Ратко Капушевски е фатен, каде што увезува според она ние што го истражувавме и што го потврдивме со факти, со документи, еднаш е фатен од македонскиот Државен пазарен инспекторат, каде што после испитувањата  објавија дека станува збор за токсичен отпад, а не мазут и затоа му беше одземена после тоа лиценцата за работа со мазут.“, вели Бојан Стојаноски.

Вториот пат беше откриено од страна на Хрватската царина и инспекција дека се обидува да увезе токсичен отпад.

Во случајот „Мазут за ТЕЦ Неготино“ освен Капушевски, Сулкоски и Јахоски, осомничен е и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски кој исто така се гони од законот во случајот „Адитиви“.

Advertisement

Македонија

УХМР најавува снег – еве кога започнуваат врнежите!

Според најновите информации од УХМР, денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба до умерена облачност, а во одделни котлини ќе се појави магла. Ќе дува слаб северозападен ветер, а дневните температури ќе се движат од 6 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно и мирно време, со магла во одредени делови од денот. Температурата ќе достигне околу 6 степени, а ветерот ќе биде слаб, околу 1 метар во секунда.

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност.

Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките и планинските предели врнежите ќе бидат од снег.

Continue Reading

Македонија

Д-р Чибишев со апел до родителите: Надворешни активности се опасни за децата при висок степен на загадување

Доктор Андон Чибишев преку социјалните мрежи предупреди на сериозните ризици за здравјето на децата во услови на екстремно загаден воздух. Тој истакна дека денеска, предпладне, додека поминувал покрај улицата „Илинденска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“, забележал група деца на возраст од околу 7 до 10 години како трчаат и тренираат на фудбалско игралиште.

„Физичкиот напор го зголемува интензитетот на дишењето, што значи и поголемо внесување на штетни и отровни гасови од амбиенталниот воздух. Не можам да разберам зошто на ваков ден, кога загадувањето е екстремно, децата би се изложувале на таков ризик“, изјави д-р Чибишев.

Тој апелираше до организаторите на активности и тренинзи да покажат одговорност и да ги одложат настаните со цел да се заштити здравјето на најмладите.

Апелот доаѓа во момент кога Скопје повторно се соочува со високо ниво на аерозагадување, а здравствените работници постојано предупредуваат на зголемени ризици, особено кај децата, хронично болните и постарите лица.

Continue Reading

Македонија

Конгрес на ДУИ: Ахмети со нови барања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Петтиот конгрес на партијата денеска изнесе сет клучни политички барања што, според него, треба да ја гарантираат стабилноста и функционалноста на државата. Во фокусот се избор на Влада со двојно мнозинство, уставни измени поврзани со одлучувањето во Уставниот суд и целосен ветинг на сите јавни функционери во последните три децении, под меѓународен надзор.

Промовирајќи го новиот „Национален договор за напредок“, Ахмети побара воведување на т.н. „извршен Бадентер“, според кој секој иден владин состав ќе мора да ја добие довербата не само од мнозинството пратеници во Собранието, туку и од мнозинството пратеници кои ги претставуваат немнозинските заедници.

Тој истакна дека унитарната држава може да биде стабилна само доколку се темели на доверба и лојалност меѓу сите заедници, нагласувајќи дека двојното мнозинство е механизам што обезбедува инклузивност и политичка рамнотежа.

Во делот на судството, Ахмети предложи законите донесени со Бадентеров принцип во Собранието да не можат да бидат поништени од Уставниот суд без истото двојно мнозинство меѓу уставните судии. Според него, потребни се уставно-правни измени со кои одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници ќе се носат само со заемна согласност.

Покрај уставните промени, лидерот на ДУИ инсистираше и на темелно „прочистување“ на политичката сцена. Тој побара целосен ветинг за сите носители на јавни функции во изминатите 34 години, вклучувајќи проверка на потеклото на имотот и процесите на приватизација, со јасен меѓународен надзор.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг