Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, денеска изјави дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп поддржи распоредување нуклеарно оружје понатаму на истокот на Европа.
Британските медиуми пренесуваат дека Венс одговараше за барањето на полскиот претседател Анджеј Дуда, САД да го префрлат нуклеарното оружје на полска територија како дел од стратегијата за одвраќање од потенцијални идни руски напади.
-Не сум разговарал со претседателот на оваа конкретна тема, но би бил шокиран ако тој го поддржи ширењето на нуклеарното оружје понатаму на исток во Европа, рече Венс за време на гостувањето на Фокс Њуз.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Унгарија е единствената земја-членка на Европската унија која го блокира влезот на Украина во овој блок.
„Што се однесува до Европската унија, единствената земја која го блокира нашето членство е Унгарија“, истакна Зеленски.
Тој додаде дека конечниот договор за завршување на војната ќе вклучува и економски гаранции за Украина, вклучувајќи членство во ЕУ, што тој го смета за клучно.
„Членството во ЕУ е точката број еден на економските гаранции за Украина. Нема алтернатива и нема дискусија. Не се против ни САД, ни земјите-членки на Европската унија, кои исто така го поддржуваат ова, освен една земја“, нагласи Зеленски.
Притоа, тој изрази уверување дека Унгарија ќе се повика на политиката на САД во врска со конечната одлука.
На 25 февруари, елитната руска единица за дронови, Центарот за напредни беспилотни системи – Рубикон, започна со серија напади на главната линија за снабдување на украинскиот гарнизон во Суџа, во западниот руски регион Курск.
Аналитичарот Ендрју Перпечуа ги опиша нападите како „напредни тактики со дронови“, со сложени заседи кои нападнале на предните, задните и страничните делови на украинските возила, уништувајќи стотици воени возила.
Во понеделник или вторник, околу 10.000 украински војници се повлекоа од Курск, бидејќи без линии за снабдување и со опасност од опкружување, се повлекле брзо, оставајќи тешка опрема која не можеле да ја понесат.
Меѓу пленот кој го добиле руските сили се и најсовремени западни борбени возила и артилериска техника. Во 2023 година, САД испратија 31 тенк М-1 „абрамс“ на Украина, но 47-та механизирана бригада на Украина повеќе пати ги оставала оштетените „абрамс“ на теренот, а еден таков тенк беше заробен во Курск.
Украинците исто така изгубија 80 од 300-те „бредли“ возила што им беа испратени од САД.
Во Курск, се верува дека русите можат да заробат уште повеќе од 80 оклопни возила. Тешката артилерија на Украина, вклучувајќи 200 М-777 хаубици, исто така претрпела значителни загуби, со најмалку 55 уништени. Ова е дел од вкупната загуба од 500 возила и друга тешка опрема за време на борбите во Курск.
Недостигот на станови претставува сериозен проблем во Европската унија, а ЕК подготвува стратегија за справување со кризата.
„Речиси 900.000 луѓе во Европа во моментов се без дом. Секоја вечер, населението на еден Марсеј или Торино нема покрив над главата“, изјави европскиот комесар за енергетика и домување, Дан Јоргенсен, на првиот состанок на Специјалниот одбор за станбена криза во Европскиот парламент.
Според него, 10% од жителите на ЕУ трошат 40% или повеќе од своите приходи на домување и поврзани трошоци. Во последните 15 години, кириите во ЕУ се зголемиле за околу 25%, а цените на недвижностите – за 50%.
Данскиот комесар ги претстави своите планови да ѝ помогне на ЕУ да го реши еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат земјите членки – станбената криза. Градоначалниците на 12 европски градови, Рим, Болоња, Амстердам, Атина, Барселона, Будимпешта, Париз, Варшава, Лисабон, Лион, Гент и Лајпциг се здружија за да повикаат на итен план за решавање на станбената криза најдоцна до 2027 година.
Градоначалниците сакаат финансиите за домување да бидат изземени од европските фискални правила кои ги ограничуваат државните трошоци. Во Ирска, цените на куќите минатата година се зголемија за речиси двојно повеќе отколку во 2023 година, а бројот на слободни станбени единици падна на историски најниско ниво во јануари 2025 година. Просечната месечна кирија во Даблин се движеше од 2.294 до 2.704 евра, а националниот просек е 1.995 евра, набројува Н1 Хрватска.
Нов европски план за пристапни станови
Јоргенсен најави дека Европската комисија ќе објави прв „Европски план за пристапно домување“. Планот ќе обезбеди техничка помош за градовите и земјите-членки, ќе се фокусира на инвестиции и ќе предложи стратегии за зголемување на бројот на достапни станови.
Покрај тоа, ЕК ќе поддржи формирање паневропска инвестициска платформа за пристапно и одржливо домување, ќе анализира како шпекулациите со недвижностите влијаат врз кризата и ќе ги поттикне земјите да ги зголемат инвестициите во пристапно домување во рамките на кохезиската политика.
Дополнително, планирани се мерки за регулирање на краткорочното изнајмување, користењето на празни станови и ревидирање на правилата за државна помош за поддршка на социјалното домување и енергетската ефикасност. Оваа иницијатива, која доаѓа во пресрет на европските избори, ќе има ефект и врз Хрватска, каде високите цени на недвижностите и кириите се главна причина за иселувањето на младите.