Connect with us

Балкан

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Published

on

Како што дознава српски Курир, почнале апсењата на лицата кои планирале државен удар во Србија.

На снимката што ја шокираше Србија, која беше емитувана синоќа, јасно се слуша како група учесници подготвуваат терористички акти и уривање на уставниот поредок.

Досега се уапсени Младен Цвјетиќ, Срѓан Ѓуриќ и Ладо Јововиќ. Тие се товарат за кривично дело подготвување акт против уставниот поредок и безбедноста на Србија во соучесништво во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Балкан

Белград денес и утре е центар на светот: Погледнете што се случува таму во моментов (ВИДЕО)

Published

on

Групи студенти и активисти од различни градови во Србија вечерва пристигнуваат во главниот град, Белград, по неколкудневно пешачење од повеќе места низ земјата. Тие ќе учествуваат на протестот што е закажан за утре, а белградските студенти кои веќе се на блокадите, им организираа пречек на Теразије.

Првите кои пристигнаа беа студенти велосипедисти, кои беа пречекани од студенти од Белград, кои дојдоа од различни правци, скандирајќи и свирејќи со вувузели и тапани, заедно со групи граѓани. Во тој дел на градот, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата се проширува и на плоштадот Никола Пашиќ.

Црвен тепих е поставен за студентите кои пристигнуваат во Белград, а на програмата е и хорски настап. За нив се поставени шатори и угостителски пунктови на Плоштадот на Републиката, каде ќе бидат сместени.

Нема присуство на полиција во униформи, што ја прави атмосферата во Белград помирна и организирана. Студентите доаѓаат од различни градови во Србија, вклучувајќи Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Ваљево и Лозница. Тие ќе бидат сместени во студентските домови, како и во некои средни училишта во Белград.

Студентите кои ги блокираат факултетите за утре закажаа протест пред Домот на Народното собрание, барајќи исполнување на четирите барања што ги поставија, за кои тврдат дека се уште не се исполнети, и покрај напорите на надлежните институции.

Погледнете го видеото

Continue Reading

Балкан

Молотови, оружје и униформи пронајдени близу РТС – Подготовка за хаос?

Published

on

Српската полиција во украден автомобил во близина на РТС пронашла оружје, маскирни униформи и молотови коктели. Автомобилот бил украден во Босна и Херцеговина и бил со лажни регистарски таблички.

Полицијата наскоро ќе излезе со официјално соопштение по овој повод.

Continue Reading

Балкан

ТРАКТОРИ СЕ ИЗРЕДИЈА СРЕДЕ БЕЛГРАД ПРЕД ДЕНОТ Д Никој не смее да ги чепне студентите кои сакаат да учат

Published

on

Тракторите направија обрач околу шаторите во Пионерскиот парк во центарот на Белград каде што мала група студенти кои велат дека сакаат да учат одбиваат да си заминат и им пркосат на тримесечните блокади на факултетите во Србија. Опозициските медиуми во Србија велат дека тракторите биле обезбедени од владејачката партија на претседателот Александар Вучиќ.

Трактори го окупираа Пионерскиот парк во центарот на Белград во поддршка на мала група студенти кои веќе 8 дена кампуваат велејќи дека сакаат да учат. Машините кои се поставени околу шаторите се еден вид обрач за движењето „Студенти 2.0“ кое бара да прекинат студентските блокади кои со месеци траат низ земјата и ја блокираат наставата на факултетите.

Дел од јавноста ја обвини владејачката партија на Александар Вучиќ дека стои зад организацијата на овој протест, а дел од насобраните во паркот тоа го демантираа.

Српскиот претседател Вучиќ вчера ги замоли студентите кои се наоѓаат во Пионерскиот парк да си одат дома во сабота и да се вратат следниот ден.

– Детално го разгледавме секој сегмент и одлучивме дека ние, студентите кои сакаме да студираме, ќе останеме во паркот Пионер до понатамошно известување – изјави студентот по медицина Милош Павловиќ нагласувајќи дека ги разбира сите што мислат дека треба да се преселат во сабота.

Тој вели „го разбираме претседателот кој ни го испрати барањето од причина што никој не е загрозен, но и вие да нè разберете. Ние сме овде законски и легитимно, ни зедоа сè, тука сме и ќе останеме тука да се бориме за нашите права“.

Блокадата со трактори доаѓа само ден пред најавениот ден Д во сабота на 15 март кога илјадници студенти од цела Србија ќе допешачат во Белград и ќе бидат пречекани на плоштадот Теразије. Најавата е дека студентите ќе извршат тридневна блокада на главниот град. Српскиот парламент обзнани дека од безбедносни причини ќе биде затворен до понеделник.

Во меѓувреме тракторите го окупираа центарот на Белград.

Кој ги донесе тракторите во центарот на Белград? Српски „Данас“, цитирајќи земјоделец, тврди дека машините Српската напредна партија (СНС) му ги отстапила на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ѓоко Ќурчиќ за Бета изјави дека пред два дена членови на СНС собрале трактори од Војводина, од Тител, Кузмин, Бачка Паланка, Жабља и други места и ги транспортирале до местото на поранешната фабрика за трактори ИМТ и во населбата Алтина во Земун.

Тракторите биле паркирани околу паркот Пионер без возачи, за да се зачува идентитетот на сопствениците, а синоќа, како што изјавил Ќурчиќ, биле пронајдени возачи во Белград да ги превезат до тој парк.

– Оваа „сува интелигенција“ која протестира под прозорците на Претседателството ја чуваат трактори на членови на СНС – рече Ќурчиќ.

Во меѓувреме „соперниците“ на студентите „кои сакаат да учат“, илјадниците демонстранти кои на голем протест в сабота се надеваат дека ќе се разреши политичката криза во земјата, апелираа до властите да ја отстранат шаторската населба од Пионерскиот парк и да спречат поставување шатори барем до понеделник.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк