Connect with us

Црна Хроника

Закани кон инспектор: Полицијата уапси 40-годишен скопјанец

Published

on

Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Б.(40) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и со тврд предмет упатувал закани на ветеринарен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство додека извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Црна Хроника

Пукање во Скопје, има повреден

Published

on

policija

Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака, на подрачјето на Бит Пазар, во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.39 часот во СВР Скопје дека се случил на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, кога едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото.

-Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Црна Хроника

Драма на автопатот Велес-Скопје: Пожар во камион, пронајдено безживотно тело!

Published

on

На 15.03.2025 во 00.45 часот СВР Велес било пријавено дека автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а во близина на возилото бил пронајден починат Н.В.(57) од Скопје. 

Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а екипа на Територијалната противпожарна единица Велес го изгаснала пожарот.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. 

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

Continue Reading

Црна Хроника

Пукање во Скопје, повреден 16-годишен малолетник

Published

on

На 14.03.2025 во 15.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото.

Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош.

Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк