Connect with us

Економија

Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2025“

Шеста година по ред македонската јавност ќе гласа за најпосакуваниот нов автомобил на изборот за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија, Авто Плус, во соработка со ко-организаторите Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата, а во конкуренција влегуваат возила кои се веќе пристигнати или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето. 

Листата на автомобили оваа година ја сочинуваат 20 кандидати, модели од различни класи, како и брендови кои за првпат влегуваат во ова гласање, распределени во пет категории:

Најпосакуван семеен автомобил:

BAIC X55D
Dacia Duster
Ford KUGA
Geely Starray
Link&CO 01
Haval Dargo
Opel GRANDLAND

Најпосакуван градски автомобил:

VW Taigo
Fiat 600
Geely Coolray
Link&CO 01
Ford PUMA

Најпосакуван електрифициран автомобил:

Porsche Macan
Nissan Qashqai
Renault Rafale
Link&CO 01
Peugeot 3008

Најпосакуван премиум автомобил во Македонија:

Audi A5
Mazda CX80
Porsche Macan
Alfa Romeo Junior

Најпосакуван автомобил во Македонија – Главна награда

Cupra Formentor
Citroen C3
Dacia Duster
Geely Coolray
Peugeot 3008
Renault Rafale
Opel GRANDLAND

Во изминатиот период од 45 дена, а и во периодот што следи, споделените искуства и мислењата за секој од автомобилите, организаторите дополнително ќе ги промовираат на нивните медиуми. 

Гласањето започнува утре, 15ти март и трае до 31ви март 2025 година, а ќе се одвива на официјалната веб страница каде што секој поддржувач на автомобилската индустрија во Македонија ќе може да го избере својот фаворит на четири тркала.

Advertisement

Економија

Најбарани професии во ЕУ – продажба, маркетинг и производство

Според податоците на Евростат за минатата година, најголема незадоволена побарувачка за работна сила во Европската унија имало во професиите поврзани со продажба, маркетинг и производство. Ова укажува на можни тешкотии за работодавачите при регрутирање на персонал во овие сектори.

Според експерименталната статистика, составена делумно преку податоци од онлајн огласи за работа, највисоки стапки на слободни работни места биле забележани кај работници во производство и помошни канцелариски работници, со стапка од 7,3% секое. Следуваат други работници во продажба со 6,1% и уметнички, културни и кулинарски соработници со 6%.

Дополнително, околу 5,8% од непополнетите позиции се однесувале на работници во транспорт и магацини, 5,7% на менаџери за малопродажба и големопродажба, 5,4% на агенти за бизнис и услуги, 5,2% на оператори на постројки и машини и 5% на инженерски професионалци, со исклучок на електротехничките профили.

Евростат истакнува дека иако здравствените работници и наставниците, како и други занимања во јавниот сектор, исто така може да се соочат со тешкотии при регрутирање, тие поретко се рекламираат онлајн, па затоа во податоците се рангирани пониско. Од друга страна, ИТ професиите може да бидат претставени со поголема застапеност во онлајн огласите за работа.

Continue Reading

Економија

Хрватска ги менува правилата за странски работници – еве колку дозволи има за Македонците

Хрватска воведува нови услови за вработување на странски државјани со цел подобра контрола, намалување на нелојалната конкуренција и спречување на нелегалните практики. Измените на Законот за странци воведуваат построги здравствени критериуми и барање за познавање на хрватскиот јазик, информира ХРТ.

Граѓанин на трета земја, како Македонија, за прва дозвола за привремен престој ќе мора да приложи потврда за здравствена состојба и статус на вакцинација, кои не смеат да бидат постари од 90 дена. Исто така, познавањето на хрватскиот јазик се смета за основа за интеграција на странските работници, а државниот секретар Иван Видиш посочи дека и покрај кофинансираното учење јазици од Европскиот социјален фонд, интересот кај работниците е слаб.

Хрватска годинава издаде над 11.000 работни дозволи за граѓани од Македонија. Премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека во последните две години се создадени 100.000 нови работни места, а бројот на невработени паднал на 81.000, што го покажува ефектот од активната политика за вработување.

Министерот за труд Марин Пилетиќ додаде дека во земјата моментално има околу 140.000 странски работници, а измените на законот ќе го намалат бројот на нови дозволи, додека ќе се зголеми значењето на оние кои веќе се наоѓаат во Хрватска.

Претседателот на GSV, Иван Мишетиќ, посочи дека во наредните пет години ќе бидат потребни над 100.000 работници од странство поради планираниот раст и пензионирањата, бидејќи домашниот пазар не може да го задоволи овој раст.

Continue Reading

Економија

Од вечерва нова цена на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 18.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,631%, кај дизелот за 4,633%, кај екстра лесното масло за 3,987% и кај мазутот зголемувањето е за 0,223%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1645%.

Од 20.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар);
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,00 (денари/литар);
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар);
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар);
– Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм).

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг