Connect with us

Европа

Голем украински напад врз Русија, погодени се неколку важни места, објавени првите снимки (ВИДЕО)

Published

on

Руските власти денеска објавија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над јужните региони Волгоград и Воронеж.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека соборило 64 беспилотни летала над регионот Волгоград и соседната област Воронеж, додека преостанатите летала биле насочени кон пограничните региони.

Рускиот претседател изјави пред два дена дека неговата земја е „за“ прекин на огнот, но истакна дека постојат „важни прашања кои треба да се решат“, по подготовката на 30-дневен план за прекин на огнот од страна на САД и Украина за време на неодамнешните разговори во Саудиска Арабија.

Погледнете го видеото

Европа

Австриски медицински лет згрижи двајца повредени од Кочани

Published

on

Австрија изрази солидарност со граѓаните на Македонија по трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој имаше повеќе жртви и повредени. Австриските вооружени сили спроведоа прв медицински евакуациски лет, при што двајца пациенти во критична состојба беа пренесени на специјализиран третман во Австрија.

Австриската амбасада во Скопје активно координира дополнителни мерки за поддршка, а властите од двете земји се во постојан контакт за обезбедување на потребната помош.

Овој хуманитарен ангажман е потврда за блиските односи меѓу Австрија и Македонија и за подготвеноста на Виена да помогне во итни ситуации.

Continue Reading

Европа

Макрон ја повика Русија да го прифати договорот за прекин на огнот

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Кремљ да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот, инициран од страна на САД и Украина. Макрон за оваа тема разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во своето вечерно обраќање истакнал дека со Макрон се фокусирале на дипломатските напори и техничките детали за евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, најавил дека Украина веќе формира тим за развој на механизми за мониторинг во случај на прекин на огнот.

Continue Reading

Европа

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и македонскиот народ, за трагедијата во Кочани.

– Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани… Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден – напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој на повредените им посака брзо закрепнување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк