Connect with us

Економија

Наскоро нов кредит за стопанството – задолжување од уште 500 милиони евра, најави премиерот

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски најави ново задолжување во износ од 500 милиони евра за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Сепак, тој не откри детали за тоа од која европска држава ќе дојдат средствата, нагласувајќи дека информациите ќе бидат споделени во соодветен момент.

  • Бидете спокојни, ќе дознаете, кусо одговори премиерот.

Според него, општинските проекти ќе се финансираат главно од буџетот или преку поволни странски кредити, слично како што беше случај со претходниот заем од Унгарија, во висина од 500 милиони евра. Од тие средства, 250 милиони беа насочени кон кредитирање на компании, додека останатите беа искористени за проекти на општините. Засега, владата не планира да ја врати можноста за издавање општински обврзници, што беше еден од предлозите додека актуелната власт беше во опозиција.

  • Сите опции се на маса – дали финансирањето ќе биде преку буџетот или со други финансиски инструменти. Она што е важно е дека најголемиот дел од општините се финансиски стабилни“, изјави Мицкоски.

Премиерот исто така информираше дека наскоро ќе биде назначен нов директор на Комисијата за хартии од вредност, откако досегашната директорка поднесе оставка. Оваа институција е клучна за функционирањето на Македонската берза и за можноста компаниите да издаваат нови акции или обврзници.

  • Очекувам дека процесот ќе биде завршен во текот на овој месец и дека ќе имаме ново раководство на Комисијата за хартии од вредност, со што ќе се создадат услови за реализација на нови финансиски инструменти“, истакна премиерот.

Во моментов, неколку компании најавуваат Иницијална јавна понуда на акции на Македонската берза – нешто што не се случило во изминатите 29 години од нејзиното формирање.

Економија

Неделен извештај за тргувањето на Македонската берза – 10.03.2025 – 14.03.2025

Published

on

Скопје, 14 март 2025 година – Македонската берза го заврши тргувањето за периодот од 10 март до 14 март 2025 година со вкупен промет од 122.295.496 денари.

Динамика на тргување и пазарни движења

Во текот на неделата се реализираа 438 трансакции, при што официјалниот пазар беше доминантен со промет од 122.295.496 денари. Блок трансакциите исто така имаа значаен удел, особено кај акциите на Гранит Скопје и Стопанска банка Битола.

Најтргувани акции

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 51.117.226 денари, со последна цена на акцијата од 28.550 денари.

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 49.487.591 денари, со последна цена на акцијата од 27.100 денари.

3. Гранит АД Скопје (GRNT) – промет од 2.433.079 денари, со последна цена на акцијата од 1.850 денари.

4. Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет од 7.039.664 денари, со последна цена на акцијата од 105.001 денари.

5. НЛБ Банка АД Скопје (TNB) – промет од 3.049.570 денари, со последна цена на акцијата од 56.498 денари.

Најголеми добитници на неделата

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пораст од 3.07%, со последна цена од 2.649 денари.

2. Реплек АД Скопје (RPK) – благо зголемување од 0.006%, со последна цена од 16.300 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – без промена (0.00%), со последна цена од 105.001 денари.

Најголеми губитници на неделата

1. Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од 4.24%, со последна цена од 27.100 денари.

2. Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 2.12%, со последна цена од 1.850 денари.

3. Универзална Инвестициона Банка (UIB) – пад од 1.43%, со последна цена од 6.900 денари.

Блок трансакции

Во текот на неделата беа реализирани значајни блок трансакции:

● Гранит АД Скопје (GRNT) – 11.340.000 денари.

● Стопанска банка Битола (SBB) – 3.668.500 денари.

Неделното тргување на Македонската берза за периодот 10.03.2025 – 14.03.2025 покажа стабилност, со стабилен број на трансакции и значаен обем на блок продажби. Стопанска банка АД Скопје беше најголемиот добитник, додека Алкалоид АД Скопје и Гранит АД Скопјезабележаа најголем пад.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза, а е изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading

Економија

Висината на минималната плата останува отворено прашање

Published

on

Економско-социјалниот совет до крајот на месецов треба да одржи седница на која би се разговарало за минималната плата и за колку таа би била зголемена. Според законското решение, зголемувањето би било околу 1.800 денари, а Сојузот на синдикати бара зголемување за 6.000 денари со оглед на трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, една година да ги субвенционира Владата. Од Владата остануваат на ставот дека се согласуваат со решение што ќе го договорат работниците и работодавачите, но велат дека во Буџетот не се предвидени средства за оваа намена.

Од Министерството за економија велат дека мора прво Комисијата за репрезентативност да ја утврди репрезентативноста на синдикатите, а потоа да се закаже седница на Економско-социјалниот совет. Комисијата за репрезентативност беше формирана во вторникот и од неа се очекува да закаже седница за да ја утврди репрезентативноста.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека седница на Економско-социјалниот совет би можела да се одржи во втората половина од месецов, повторувајќи го притоа ставот дека како Влада ќе поддржат решение за минималната плата што ќе го договорат работниците и работодавачите.

– Секој оној договор што тие ќе го постигнат, ние како Влада ќе го поддржиме. Предлогот, којшто го слушнав од еден од претставниците на работниците, конкретно претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија се разликува од оној предлог од пред неколку месеци, кога оваа Влада беше избрана како Влада. Не почекаа ниту една недела да биде избрана излегоа со предлогот 400 евра минимална плата. Сега кога видоа дека законски ќе дојдеме до 400 евра се бара минимална плата од 500 евра. Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1.000, можеби треба 2.000 и тука немам никаква дилема. Јас апсолутно сум работник, како и сите други работници и сакам сите ние да имаме поголеми плати, рече Мицкоски.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, созреано е времето социјалните партнери да си подадат рака и да го унапредат животниот стандард на работниците, но и да го сочуваат квалификуваниот кадар. Велат растот на цените е огромен и апелираат да почнат да се применуваат колективните договори со цел паралелно да растат и останатите плати.

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов вчера рече дека работниците очекуваа Владата да испорача брзи, ефективни и ефикасни решенија за зачувување и унапредување на животниот стандард.

– Сеирџии не ни требаат, ни требаат партнери што ќе седнат со нас на маса и ќе разговараат за овие битни прашања, не ни трабаат луѓе кои само ќе не ислушаат, не ни требаат психијатри, туку луѓе кои ќе одлучуваат и кои ќе застант цврсто на тоа што ќе го одлучат во интерес на работниците. Нејасно е како Владата еднострано одлучи да се изземе од трипартитниот социјален дијалог. Ако едниот од партнерите во трипартитниот дијалог се изземе од процесот на демократија, очигледно смета дека не треба да има демократски процеси по одредени прашања во државата, рече Трендафилов.

ССМ очекува во најбрзо време Комисијата за репрезентативност да се состане и да ги разгледа нивните документи со што ќе биде потврдена репрезентативноста.

– Чекаме да излезе решението во Службен весник и да добиеме покана на која ќе ги образложиме списоците што ги имаме доставено до надлежното Министерство уште во декември минатата година. Нашите очекувања се дека овој позитивен сигнал што го направи Владата ќе резултира со брза и ефикасна работа на Комисијата која ќе овозможи донесување решенија за утврдување репрезентатиувност на ниво на територија за да може да се откочат трипартитните економско-социјални тела како Комисијата и ЕСС, за да може да се заокружи целиот процес особено со потребата од растот на минималната плата, но и да се откочи процесот на колективните преговарања и договарања, како и склучувањето на колективните договорои преку доделување репрезентативност во јавен и приватен сектор, а се разбира и на гранските синдикати, истакна Трендафилов.

Предлогот на ССМ е минималната плата да изнесува 30.000 денари, а работодавачите една година да бидат ослободени од плаќање на социјалните придонеси, односно нив да ги субвенционира државата. Доколку не се зголемат платите, ССМ најавува протести.

Во март треба да се изврши усогласување на минималната плата според утврдената методологија – 50 проценти од порастот на просечната нето плата за претходната година и 50 проценти од порастот на индексот на трошоците на живот објавени од Државниот завод за статистика. Според овие пресметки, минималната плата од март би требало да биде зголемена за околу 1.800 денари или да изнесува 24.400 денари, односно 400 евра.

Државниот завод за статистика во февруари измери дека трошоците на животот во февруари во однос на јануари се зголемени за 0,5 проценти и дека зголемување има кај храната и пијалоците за 1,4 проценти, мебелот и покуќнината за 0,6 проценти, домувањето за 0,5 проценти… Во однос на февруари лани, трошоците на живот се зголемени за пет проценти, а цените на мало за 4,2 проценти.

Continue Reading

Економија

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 14.03.2025

Published

on

Скопје, 14 март 2025 година – Македонската берза го заврши денешното тргување со вкупен промет од 24.312.923 денари. Индексот МБИ10 остана речиси непроменет со 0,00%, достигнувајќи вредност од 10.323,03 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 124,48 поени.

Динамика на тргување и пазарни движења

Денешниот трговски ден се карактеризираше со стабилност на индексите, со незначителни флуктуации кај главните акции. Официјалниот пазар забележа умерен обем на тргување, додека берзанската котација на акции имаше мешани резултати.

Најтргувани акции (по промет)

1. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет од 10.730.140 денари, со пораст од 0,46%, достигнувајќи просечна цена од 28.386,62 денари.

2. Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет од 8.268.460 денари, со пораст од 0,03%, достигнувајќи цена од 27.021,11 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет од 3.570.000 денари, со пад од 0,44%, достигнувајќи просечна цена од 105.000,06 денари.

Добитници и губитници на денот

Најголеми добитници (по процентуален раст)

1. Стопанска банка АД Скопје (STB) – пораст од 2,48%, достигнувајќи цена од 2.649,61 денари.

2. Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – пораст од 0,46%, со последна цена од 28.550,00 денари.

3. Реплек АД Скопје (RPL) – пораст од 0,39%, достигнувајќи цена од 16.300,00 денари.

Најголеми губитници (по процентуален пад)

1. Макстил АД Скопје (STIL) – пад од 2,67%, со последна цена од 146,00 денари.

2. Гранит АД Скопје (GRNT) – пад од 1,60%, со последна цена од 1.850,00 денари.

3. Макпетрол АД Скопје (MPT) – пад од 0,44%, со последна цена од 105.001,00 денари.

Обврзнички пазар

Тргувањето со обврзници остана стабилно, без значителни промени во цените.

Денешното тргување на 14 март 2025 година покажа стабилност на пазарот, без значителни осцилации на индексите. Стопанска банка АД Скопје беше најголемиот добитник со пораст од 2,48%, додека Макстил АД Скопјезабележа најголем пад од 2,67%.

Овој извештај е подготвен врз основа на официјалните податоци од Македонска берза од страна на Илирика Инвестментс АД Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк