Connect with us

Магазин

Неколку опасни работи кои може да му се случат на вашето тело доколку не консумирате доволно сол, втората е најопасна

Луѓето кои консумираат премногу сол можат да се соочат со здравствени ризици, но исто така и премалата консумација може да биде опасна. Прекумерната потрошувачка на сол е поврзана со зголемен ризик од заболувања на срцето, мозочен удар и заболувања на бубрезите, но внесувањето премала количина на сол исто така може да има сериозни последици, предупредува д-р Саурабх Сети, гастроентеролог кој редовно дава совети на TikTok (@doctorsethimd) и има 486.000 следбеници.

Во видео што стана вирално, 42-годишниот лекар предупредува на опасностите ако се консумира премалку сол. Тој објасни дека солта е клучен електролит што помага на нашите тела да ја задржат водата. „Без сол можете да доживеете сериозна дехидратација и волуменот на крвта може да се намали значително, што може да доведе до пад на крвниот притисок“, изјавил д-р Сети.

Тој исто така нагласил дека недостигот на сол може да доведе и до други опасности. „Вашите мускули ќе ослабат, може да почувствувате вртоглавица, омалаксаност, а дури и несвестица.“

Покрај тоа, недостатокот на сол може да го наруши здравјето на цревата, отежнувајќи ја дигестијата и да го ослабне здравјето на црниот дроб, намалувајќи ја апсорпцијата на важни нутриенти.

Д-р Сети на крајот од видеото порачал дека иако многумина се загрижени за прекумерната консумација на сол, недоволниот внес може да биде далеку поопасен.

„За повеќето луѓе е важно да внесуваат приближно една лажичка морска сол секој ден“, додал тој. Спроведени се повеќе истражувања кои истакнуваат здравствени ризици поврзани со недоволниот внес на сол. Некои истражувања ја поврзуваат ниската содржина на натриум во храната со зголемена инсулинска резистенција – кога клетките во вашите мускули, маснотии и црн дроб не реагираат добро на инсулин и не можат лесно да ја апсорбираат глукозата од вашата крв, пишува The Sun. Едно од овие истражувања вклучувало 152 здрави луѓе и открило дека инсулинската резистенција кај овие лица се зголемила по само седум дена на исхрана со низок внес на натриум.

Високиот крвен притисок е фактор на ризик за животозагрозувачки состојби како што се срцев удар, а резултатите од неколку истражувања сугерираат дека исхраната со низок натриум може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и смрт.

7 опасности од недостаток на сол според д-р Сети:

Сериозна дехидратација
Намален волумен на крвта, што доведува до пад на крвниот притисок
Интензивна желба за солени намирници
Слабост на мускулите
Вртоглавица, малаксаност или дури несвестица
Нарушување на здравјето на цревата поради отежната дигестија
Ослабено здравје на црниот дроб поради намалена апсорпција на важни хранливи материи

Едно истражување покажало дека внесувањето на помалку од 3000 mg сол дневно е поврзано со зголемен ризик од смрт од срцеви болести, вклучувајќи срцеви и мозочни удари. Некои истражувања исто така покажале дека исхраната со малку натриум може да ја зголеми концентрацијата на LDL (лош) холестерол.

Резултатите од истражувањето од 2003 година, кое вклучувало здрави лица, откриле дека исхраната со малку натриум предизвикала зголемување на LDL холестеролот за 4,6%.

Возрасните лица не треба да внесуваат повеќе од 6 g сол дневно (околу една чајна лажичка). Ова вклучува сол која се наоѓа во храната и сол која се додава за време и по готвењето.

Препорачан дневен внес на сол за различни возрастни групи:

11 години и постари: најмногу 6g (околу една лажичка)
7 до 10 години: најмногу 5g
4 до 6 години: најмногу 3g
1 до 3 години: најмногу 2g
Под 1 година: помалку од 1g

Advertisement

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ова се најевтини земји за живеење

Индија, Пакистан и Авганистан се меѓу најдостапните земји во светот кога станува збор за месечните трошоци за живот, покажуваат најновите податоци.

Индија нуди просечна месечна цена на живот од околу 423 американски долари, додека нејзиниот сосед Пакистан е уште поевтин со околу 370 долари месечно. На врвот на листата се наоѓа Авганистан, каде што просечните месечни трошоци изнесуваат околу 354 долари.

Иако овие земји се издвојуваат со ниски цени, експертите предупредуваат дека тоа често оди рака под рака со проблеми со безбедноста, а разликите во трошоците меѓу урбаните и руралните средини можат да бидат значителни.

Други достапни дестинации

Меѓу земјите со ниски животни трошоци се споменуваат и Непал и Бутан, кои се познати по прифатливите дневни трошоци. Во Африка, Бурунди се издвојува како една од најевтините држави.

Виетнам, пак, важи за омилен избор меѓу иселениците благодарение на ниските цени на храна, сместување и секојдневни услуги, наведува CNBC.

Најповолни земји за патување

Лаос, Индија, Тајланд и Филипини се меѓу најевтините дестинации за патници, главно поради евтината локална храна и транспортните услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг