Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Неочекуван пресврт: НАТО ја трга Украина од агендата, Руте за нормализирање на односите со Русија

by Уредник
15.03.2025
in Uncategorized

Генералниот секретар на НАТО исто така смета дека односите со Русија би требало да се нормализираат откако ќе сопре огнот на фронтот во Украина. Во интервјуто тој рече дека пристапувањето на Украина во НАТО повеќе не е на дневен ред.

Пристапувањето на Украина во НАТО повеќе не е на дневен ред, изјави генералниот секретар на алијансата Марк Руте во интервју за Блумберг.

– Да – рече Руте како одговор на прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп навистина го отстранува прашањето за пристапување на Украина во алијансата.

Руте исто така смета дека односите меѓу НАТО и Русија би требало да се нормализираат откако ќе сопре огнот на фронтот во Украина.

– Нормално е војната некако да сопре за Европа, чекор по чекор, исто така и за САД, чекор по чекор, за да се вратат добрите односи со Русија.

Сепак, генсекот на НАТО смета дека работите уште не стигнале до таа точка и дека затоа „треба да го одржиме притисокот за да се осигураме дека Русија сериозно ќе ги сфати мировните преговори“.

Американскиот претседател Доналд Трамп на крајот на февруари на средба со британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Украина нема да влезе во НАТО.

Трамп претходно изјави дека Украина „може да заборави“ на изгледите за членство во НАТО. Според него, желбата на Украина да се приклучи на алијансата беше она што доведе до воен конфликт.

Next Post

Омерагиќ: Федерацијата е во минус од еден милион евра, но гледаме напред

Неколку инциденти во текот на ноќта на протестите во Белград, полицијата апсеше, студентите не се откажуваат

Неколку инциденти во текот на ноќта на протестите во Белград, полицијата апсеше, студентите не се откажуваат

Препорачани Вести

313 домаќинства ќе добиваат финансиска поддршка за енергија во 2025 година

7 months ago

НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ПРОЕКТИ ОД 2025 ГОДИНА: Николоски ја објави видеоприказната за инфраструктурниот развој

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    Мерцедес-Бенц слави 140 години со премиера на новата С-Класа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пензионерка измамена за 2.600 евра со лажен повик од „доктор’“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс – градоначалникот на Кичево и пет лица обвинети за штета од стотици илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската партија во Албанија поднесе тужба против Владата за отворање мигрантски центри во Општина Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија најавува економска помош за Сирија по крајот на режимот на Асад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.