Connect with us

Европа

Орбан побара ИТЕН ПРИЕМ на Македонија, Србија и Црна Гора во ЕУ

Published

on

Орбан повтори дека Унгарија е против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ бидејќи, според неговите зборови, тоа ќе ја уништи унгарската економија. Наместо да ја прима Украина, унгарскиот премиер се залага Унијата да овозможи побрз пристап за земјите од Западен Балкан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повика Србија и Македонија „уште утре“ да бидат примени во Европската унија, наспроти иницијативите на Брисел за брзо пристапување на Украина кон Унијата, пренесе „Јуроњуз“.

– Србија би можела да биде примена во Европската унија уште утри и тоа нема никому да наштети. Напротив, ќе донесе големи економски придобивки за целата Европска унија, а особено за Унгарија, бидејќи ние сме ѝ соседна земја. Македонија и Црна Гора исто така треба да бидат примени, уште утре. Ова ќе донесе исклучителни економски придобивки за Унгарија – изјави Орбан.

Според него, земјите од Западен Балкан не можат да се споредат со „уништената Украина, која само зема пари, а не носи ништо“ во однос на нивниот степен на развој, системот на функционирање на државата и перспективите.

Европа

Макрон: Москва нема право на глас ако Киев побара помош од сојузниците!

Published

on

Русија не мора да го „прифати или отфрли“ испраќањето на сојузничките сили во Украина, доколку Киев побара да се гарантира евентуалниот мировен договор, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за француските медиуми.

Во интервјуто објавено денеска, францускиот претседател наведува дека засега нема намера да се „меша“ во дијалогот меѓу САД и Русија.

Од друга страна, „од моментот кога ќе влеземе во оваа фаза од прекинот на огнот“ предложена од Вашингтон и Киев, според Макрон, ќе бидат неопходни директни контакти со неговиот руски колега Владимир Путин и меѓу француските и руските преговарачи за да се разјасни прашањето за безбедносните гаранции што треба да и се дадат на Украина.

Откако на 20 јануари се врати во Белата куќа американскиот претседател Доналд Трамп ја истакна својата желба да стави крај на конфликтот, три години по нападот на Русија врз Украина, и направи импресивно зближување со господарот на Кремљ. По фазата на максимална тензија, Американците и Украинците го продолжија дијалогот оваа недела, предлагајќи едномесечно примирје, кое Кремљ сè уште не го прифати, потсетуваат француските медиуми.

„Ова е моментот на вистината, бидејќи ако Русија не е искрено посветена на мирот“, изјави Макрон, „претседателот Трамп ќе ги заостри санкциите и контрамерките и така целосно ќе ја промениме динамиката“.

Шефот на француската држава додаде дека „неколку европски и неевропски земји изразиле подготвеност да се приклучат“ на можното распоредување на војници во Украина за да се обезбеди иден мировен договор со Русија. Ова би вклучило неколку илјади луѓе да бидат распоредени „во клучните точки, да спроведуваат програми за обука“ и „да ја покажеме нашата поддршка на долг рок“, додаде тој.

Француските медиуми потсетуваат дека досега Москва цврсто беше противб ваквото распоредување мировни сили во Украина

Continue Reading

Европа

ТРАГЕДИЈА ВО ИТАЛИЈА: Речиси 1.500 луѓе заробени во катастрофални поплави!

Published

on

Речиси 1.500 луѓе се заробени, а 248 луѓе се евакуирани поради големите поплави во централниот дел на Италија. Во регионот Емилија Ромања на сила е црвен метео аларм, додека во Тоскана е жолто предупредување, а најкритична е ситуацијата во општината Ваља, пренесува Раи. Водостојот на реката Арно значително се зголеми, што предизвика поплави, а властите предупредуваат на ризикот од излевање на реката Ламоне во Фаенца. Во некои централни општини затворени се училишта и цркви, оштетени се неколку железнички линии, а натпреварот меѓу Пиза и Мантуа е одложен за утре. Во петокот властите издадоа црвено предупредување во Тоскана и Емилија Ромања поради поројните дождови кои доведоа до поплави и лизгање на земјиштето, додека поумерени предупредувања беа издадени во другите региони на централна Италија, пренесува Танјуг.

Continue Reading

Европа

Германско МНР: Путин спроведува тактика за одложување на преговорите во Украина

Published

on

Министерството за надворешни работи на Германија изразува скептицизам во однос на изјавите на рускиот претседател, Владимир Путин, во врска со прекинот на огнот во Украина и смета дека тоа е, во најдобар случај, одложување на преговорите, пишува Дојче веле.

По воздржаната реакција на Русија на предлогот на САД за прекин на огнот во Украина, германската Ввлада го обвини Путин за одложување на преговарачкиот процес.

 „Во најдобар случај, можеме да зборуваме за тактика на одложување во врска со прекинот на огнот, доколку има такви услови и резерви“, изјави вчера портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

 Таа изјави дека мора да се постави прашањето дали има сериозен интерес да се работи на траен прекин на огнот и решение.

 Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок претходно изјави дека Путин намерно не влегува во мировни преговори.

 „Путин намерно ја држи отворена вратата за мировни преговори, но тој сè уште не е подготвен да помине низ тоа“, рече таа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк