Connect with us

Македонија

Семејството Јахоски од Пласница сепак ја има купено управната зграда на „Бетон“

Published

on

Семејството Јахоски од Пласница сепак ја има во своја сопственост и управната зграда на некогашниот градежен гигант „Бетон“ во Карпош веднаш зад Министерството за економија. Минатата година беше објавено дека „Пуцко Петрол“ на Асмир Јахоски ја купил деловно-административната зграда за 5 милиони евра, но тоа веднаш беше демантирано.

Во моментов во регистарот на катастарски парцели може да се види дека сопственик на овој недвижен имот е БИ Холдинг, компанија за изградба на станбени згради во Скопје. Сопственичка на оваа фирма е Хана Јахоска од Пласница.

Оваа фирма е основана во 2013 и има само 7 вработени. На крајот од 2023 остварила добивка од дури 2 милиони евра на приходи од 4 милиони евра. Добивката била зголемена за 290 отсто, а приходите за 230 проценти. Финансиската задолженост е околу 3,25 милиони евра. Седиштето на фирмата е на сосема друга адреса. Оваа фирма била заеднички косопственик на градежната компанија за нискоградба „Адастра“ со фирма поврзана со бизнисменот Сеад Кочан.

Управната зграда во Скопје на некогашниот градежен гигант „Бетон“ од 2023 се продаваше за 5 милиони евра во банкарски оглас како дел од извршна и стечајна постапка. Деловниот објект е изграден во 2012, а НЛБ Банка го проценуваше на 4.952.967 евра.

Компанијата во 2022, кога се уште беше сопственик на деловно административната зграда, на вонредно акционерско собрание, во една од точките предложи продажба на овој недвижен имот. Во план беше откако ќе се усвои предлогот, да се прави проценка на имотот и да се објави оглас за да се најде купувач.Последно што се знае за „Бетон“, кој отиде под стечај откако ја загуби ликвидноста поради неможноста да ги заврши отпочнатите проекти и да ги подмири обврските кон банките кредитори, е дека Собранието на доверители разгледуваше можност за реорганизација во рамки на стечајната постапка.

Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ и син на пратеникот на ДУИ и екс градоначалник на Пласница, Исмаил Јахоски, деновиве е актуелен со одредениот куќен притвор поради перење пари заедно со Ратко Капушевски од РКМ.

Обвинителството соопшти дека поднело жалба за куќниот притвор кој му е определен на Јахоски, кој беше приведен во акцијата за злоупотребите со милионските набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, затоа што претходно од судот беше побарано притворот да биде затворски.

Со истрагата се опфатени, покрај Јахоски и Капушевски, и Ерџан Сулкоски од РКМ, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поранешениот секторски директор во ЕСМ Ардиан Муча, како и уште 8 други лица кои учествувале во спроведувањето на набавките. ЕСМ во периодот меѓу 2021-ва и 2023-та за ТЕЦ Неготино купи мазут за над 160 милиони евра. Со истрагата е оспорен начинот на распишување на јавните набавки и има сомнежи за перење пари добиени преку мазутот.

Извор: faktor.mk

Македонија

(Видео) Панчо од ДНК кој настапуваше во Кочани има изгореници по лицето и е на кислородна поддршка

Published

on

Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка по пожарот кој сношти изби во дискотелата „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше, вели за САКАМДАКАЖАМ.МКнеговата сетра Јадранка Николовска.

„Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како е Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе“, ни рече Николовска низ солзи.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова низ солзи: Прво надеж, потоа болка

Published

on

Претседателката Гордана Силјановска Давкова е пред Градската болница „Свети Наум Охридски“.

Таа за медиумите изјави : „Прво надеж, а потоа болка. Млади луѓе се тоа ќе издржат, треба да ги охрабриме“.

Прашана за причините за пожарот, употребата на приотехнички средства таа рече:

Тоа е нешто што мора однапред да се превидиди. Не е прв пат ова да ни се случи.

Новинарката ја праша дали знае дека не постои веќе центар за изгореници.

Не знам да ви кажам. Ова што го видов овде ми изгледа стручно. Не знам за центарот, добро што ми рековте, ќе прашам сега, рече претседателката.

Било што да ви треба, јавете се, им рече таа на родителите кои седеа на клупата пред болницата.

Претседателката соопшти дека директорот на болницата ќе напише се што е потребно од медицински материјали, бидејќи најверојатно имале потреба од повеќе гази.

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова во посета на повредените во болница

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се огласи по повод страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија најмалку 51 лице според официјалните информации од МВР.

Давкова беше во посета на повредените во градската болница „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, и потоа даде изјава за медиумите. 

„Што можам да споделам? Надеж, потоа болката, млади луѓе се тоа, треба да ги охрабри дека ќе се спасат. Голема трагедија, не можам да поверувам како се случило, според првите информации пиротехника. Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди“, рече Сиљановска-Давкова.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк