Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба

by Уредник
16.03.2025
in Uncategorized
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.

На Детска хирургија има четири хоспитализирани пациенти, на Клиниката за пластична хирургија – 11, Клиничката болница Штип – 45, Општата болница Кочани – 30, Св. Наум Охридски – 29, „8 Септември“ – 17, КАРИЛ – 16.

Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба од кои тројца на Детската хирургија, седум во Градската општа болница и тројца во Старата градска болница.

Таравари пред Ургентниот центар рече дека во Министерството за здравство е формиран штаб којшто е во комуникација со сите здравствени установи што имаат примено пациенти.

Генерално покритичните пациенти се донесени во Скопје.

Тој најави дека ќе се утврдува кои пациенти се оние кои ќе бидат згрижени надвор од државата.

– Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените, соопштија од МЗ.

Притоа изразија благодарност до сите општествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош.

Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:

ГОБ 8 Септември – 071226764

Клинички центар- 070387115

СВ Наум Охридски – 075203026.

Next Post

Меџити: Огромна тага за трагедијата во Кочани, одговорните мора да излезат пред правдата

„Се изгоре за две минути, се направи стампедо“ – сведоштво на девојче кое било во дискотеката

„Се изгоре за две минути, се направи стампедо“ – сведоштво на девојче кое било во дискотеката

Препорачани Вести

Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно

Асад со тајни летови ја испразнил Сирија: Пари, злато, но и нешто многу повредно

9 months ago

СКОРО 2 ТОНА ПИЛЕШКО МЕСО ОДИ НА УНИШТУВАЊЕ Транспортирано било во несоодветни услови

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.